ПОВЕЌЕ

    Финансиски гуру предвидува: Следниот финансиски пад би можел да биде уште потежок

    Време зa читање: 2 минути

    Џим Роџерс, инвестицискиот гуру, како што е наречен во светските економски кругови, проценува дека растот на акциите од март е во најголем дел како последица на наплатата на квантитативно олеснување на долговите.

    Иако монетарниот стимул може да ги олесни финансиските пазари на краток рок, огромната сума на долг како резултат ќе создаде негативни последици за економијата на долг рок, вели добро познатиот инвеститор Џим Роџерс.

    Пред 6 месеци, Америка беше еден од најголемите должници во историјата на светот. Никој досега не должел толку многу. Оттогаш, Америка го зголеми својот долг за неколку милијарди.

    „Ако ми дадете неколку трилиони долари, ќе ви организирам, многу добра забава“, рече тој.

    Следниот финансиски пад би можел да биде уште полош од оној што го видовме годинава, предупредува Роџерс.

    “Ова е секако најлошото нешто во мојот живот. Фактот што владите трошат неверојатни суми пари, само значи дека ќе биде уште полошо следниот пат”.

    Што се однесува до златото, Роџерс рече дека цените сè уште имаат многу простор за раст.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично