ПОВЕЌЕ

    Јавна дебата: Како до свет без чад за 20 години?

    Време зa читање: 2 минути

    „Единствен начин да се создаде свет без чад е општеството да почне да ги едуцира младите генерации уште од самото раѓање, со цел кога ќе наполнат 18 години да не купуваат цигари. Поради тоа, за 18 до 20 години можеме да сонуваме за општество без тутунски чад во Европа. Добар пример се Норвешка и Шведска, кои почнаа со овој вид едукација на деца и младинци во доцните 70-ти години и сега имаат пет до седум проценти пушачи. Но, им беа потребни 40 години“, истакна професорот по медицина, др. Анджеј Фал од Полска.

    Додека не се достигне тоа ниво на освестеност, постојат брзи решенија како што се производите без чад, кои можат да им помогнат на пушачите, додаде др. Фал.

    Токму тоа е патот по кој одеше Шведска, нудејќи им на пушачите замена за цигарите во облик на тутун или никотин за орална употреба.

    Голем број учесници во јавната расправа на тема тутунски чад во ЕУ, сметаат дека решението е во употреба на новите тутунски производи како замена за класичните, со акцент дека законската регулатива треба да биде јасна, дека се работи за производи наменети за полнолетни лица, кои инаку би продолжиле со пушење цигари или со користење на други никотински производи.

    Од друга страна, Светската здравствена организација, која го поддржа зголемувањето на даноците и на тутунот и на производите без чад, е уверена дека тоа во целост би ги спречило луѓето да ги користат.

    Наспроти нивните тврдења е мислењето на Емануел Брако, вонреден професор по економија на Универзитетот во Верона. „Ако многу ја зголемиме цената на новите производи, тоа ќе ги оддалечи луѓето од нив и некои од нив ќе се вратат на класичните цигари“, смета Емануел Брако.

    Со забрана на пушењето во затворените простори, давањето на точни информации за помалку штетните избори, паметното оданочување и едукацијата на жителите, се трасира патот кон кој тежнее СЗО – свет без тутунски чад и создавање на идните генерации непушачи, заеднички е заклучокот на светските експерти, но и на медиумските аналитичари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично