ПОВЕЌЕ

    ЈАВЕН ДОЛГ НАД 54% НЕ ГЕНЕРИРА РАСТ, ТУКУ ГО КОЧИ – Беџети за „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Во наредните пет години Македонија ќе мора да враќа високи износи по основ на главнина и камати, што го прави прашањето за јавниот долг клучно за фискалната стабилност. Абдулменаф Беџети, претседател на Фискалниот совет, во поткастот „Каде се парите?“ вели дека економските анализи покажуваат јасна граница до која задолжувањето има позитивен ефект. Над 52 до 54 отсто од БДП, јавниот долг почнува да има негативно влијание, не само поради висината, туку и поради слабата институционална способност да се управува со јавните расходи и поради растечката цена на финансирањето.

    ЗА ВИСИНАТА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ

    „52 до 53%. Над тоа, висината над тоа, веќе корелира негативен импакт. И тоа поради два фактора. Првиот фактор е институционалниот капацитет, затоа што се покажа дека ние немаме институционален капацитет да управуваме повисоки јавни расходи од таа висина. И второто е во однос на цената на чинење, односното на финансирањето, т.е. фискалната цена на чинење. Овие два фактори доминантно влијаат и со тоа директно го загрозуваат интензитетот на растот на економијата. А интензитетот на растот на долгот е многу повисок од интензитетот на растот на економијата. Кога овие равенки ќе се нарушат, тогаш се доведува во прашање фискалната стабилизација односно консолидација..“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично