Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за август од среда, 26.08.2020 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од среда и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање.
Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:
- среда 26.08.2020 година, исплата на пензии до 11.000 денари
- четврток 27.08.2020 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
- понеделник 31.08.2020 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
- вторник 01.09.2020 година, исплата на пензии над 18.000 денари
За пензионерите кои досега пензијата ја примале преку Еуростандард банка, а до 21.08.2020 година не успеале да отворат трансакциска сметка во друга банка, ќе има дополнителна исплата во текот на септември. Примателите на пензија кои веќе имаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка августовската пензија ќе ја добијат во периодот од 26.08 до 01.09, согласно висината на пензијата. Со цел да им помогне полесно да ги надминат евентуалните финансиски потешкотии, Банката им одобри дозволено пречекорување во висина на една пензија на сите пензионери кои по затворањето на Еуростандард банка преминаа во Комерцијална.
За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од Коронавирусот на сите корисници на банкарски услуги, апелираме при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банката строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.