ПОВЕЌЕ

    Измамите на крипто-пазарот вредни 14 милијарди долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Криминалната активност на крипто-пазарите достигна историски максимум од 14 милијарди долари минатата година, објави во четвртокот истражувачот на блокчејн Chainalisis, чии рекордни показатели ги поддржуваат барањата на националните регулатори за зголемување на нивните надлежности во секторот кој брзо се развива.

    Вредноста на криптовалутите испратени до дигиталните паричници, кои се стекнати преку недозволени активности, вклучително и измами, црниот интернет пазар и употребата на малициозен софтвер (ransomware), скокна за 80 отсто во споредба со една година порано, се вели во извештајот на Chainanalisis. Учеството на овие активности во вкупниот обем на крипто трансакции, сепак, е само 0,15 проценти, што е најниско ниво досега.

    Вкупниот обем на трансакции скокна на 15,8 илјада милијарди долари во 2021 година, што е над пет пати повеќе од една година порано.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично