Стопанска банка започна со издавање на #КупувамДомашно картичките, со ставање на располагање на првите 5.000 картички во текот на денешниот ден.
Согласно планот за изработка и издавање на над 110.000 картички, Стопанска банка АД – Скопје веќе испрати за 5.000 клиенти СМС порака со повик денеска да си ги подигнат своите картички од филијалите на Банката.
Клиентите одговорно, следејќи го препорачаниот термин, ги посетуваат филијалите и ги добиваат картичките со што дел од нашите граѓани веќе ги имаат финансиските средства на располагање, велат од банката.
Со оваа динамика, Банката ќе ги изработува и издава картичките и во следните денови за што подготвен е и посебен режим на работа на филијалите кој придонесува да не се нарушат секојдневните интеракции со клиентите за останатите банкарски услуги.
Банката на дневна основа продолжува да испраќа СМС порака со покана за подигнување на картичката од филијалите на Банката со што клиентите се навремено информирани и немаат потреба од посета на филијали или јавување во контакт центарот.
На веб страницата на Банката викендов ќе биде достапен и web сервис за проверка на терминот и филијалата за подигнување на картичката.
Апелираат до клиентите да се придржуваат до зададениот термин со цел ефикасна и безбедна реализација на проектот.