ПОВЕЌЕ

    Изборно собрание на МБСК: Биљана Митева нов претседател на Комората

    Време зa читање: 2 минути

    По два успешни мандати исполети со многу проекти, средби, бизнис форуми и голем број средби на стопанственици од Македонија и Бугарија, заминува досегашниот претседател Кирил Лазаров. Негов наследник е м-р Биљана Митева. Исто така, избран е и нов Управен одбор.

    „За мене е најзначајно МБСК да продолжи да нуди предлози и решенија кои се во интерес на двете држави, во интерес на економијата и бизнисот. Јас минатите години делував согласно овие постулати и понудивме решенија и политики кои се базираа на инвестициски, инфраструктурни и енергетски проекти. Секогаш сметав дека најлесен пат за надминување на сите проблеми и зближување е економијата“, изјави Лазаров.

    Од Комората нагласија дека фокусот на активностите и натаму ќе биде подобрувањето на деловната соработка меѓу двете држави. Исто така, продолжување и унапредување на деловната соработка преку споделување знаења и остварување заеднички целим како предуслов за создавање подобра бизнис клима и минимизирање на политиката во бизнисот.

    Бизнис секторот покажа одличен потенцијал за соработка, што се согледува преку трговската размена реализирана во текот на минатата година во износ од околу една милијарда евра. Тоа претставува зголемување од 200 милиони евра во однос на 2021 година. Целосното интегрирање на Северна Македонија на ЕУ пазарот може да се исполни само преку продолжување и унапредување на деловната соработка, ослободена од административни бариери.

    Пристапувањето на нови членки од различни дејности во Комората, претставува потенцијал за нови бизнис практики во двете држави.

    Во наредниот период се најавени повеќе активности за понатамошен развој на Комората; Б2Б настани; промоција на инвестиции; образовни програми; дигитална трансформација; вклучување на тинктенкови итн.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично