ПОВЕЌЕ

    Нема дигитализација, затоа што така му одговара на некој! – Ивановска за „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, во гостувањето на поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ јасно кажа дека дигитализацијата намерно се избегнува. Според неа, не недостасуваат знаење или ресурси, туку немањето политичка волја да се прекине со корупцијата.

    А зашто ја немаме? Затоа што некому така му одговара, затоа ја немаме. Значи, ако ние имаме искрена желба да ја средиме државата, што мислите дека нема да ја средиме? Па само колку ИТ експерти излегоа изминативе години на факултетот на ФИНКИ, најмногу имате студенти.  Не можеме ние да средиме дигитализација? Тоа е смешно да го кажеме, а не да го помислиме.  Не се сака да се средиме, ништо друго. Пазете сега, да не знае градоначалникот што има во дворот, како може да не знае? Па е еден, па друг, па трет.  Како може да не знае? Да не знае министерот на кого има дадено дозволи за работа, како може да не знае? Ако јас одговарам за овие пет работи, па јас ќе си ги пазам тие пет работи дење-ноќе.“

    Следете нѐ и притиснете „subscribe“ на каналот ПАРИ. Премиерите се секој четврток во 12.00 часот. Сите содржини се бесплатни, овозможени од нашите пријатели кои веруваат во важноста на јавната дебата и транспарентноста.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично