Во една прекрасна атмосфера во Атина во Grand Bretagne хотелот се одржа гала вечера на која што беа промовирани 30-те најуспешни млади бизнис лидери под 30 години (30 under 30) во Југоисточна Европа. Со членството во ексклузивниот Business Elite’s “Executive Club”, наградените и официјално се приклучуваат на светската бизнис елита како дел од мрежата на најуспешни и најамбициозни бизнис лидери во светот.
Иван Шуклев истакна:
Оваа награда за мене претставува две работи: прво, наградата важи за едно достигнување и признание за целиот труд кој што го имаме вложено како фирма во последните неколку години, и второ, како поттик да продолжиме да стремиме кон нашата цел – а тоа е да станеме еден од најпрепознатливите произведувачи на трпезно грозје во Европа.
Што постигнавте на деловен план и кои се Вашите бизнис планови за во иднина?
Фирмата Витториа Фруит е производител на многу сорти на трпезно грозје, семени и безсемени, на површина од 140 хектари. Оваа година беше особено интересна бидејки пласиравме повеќе од 80% од нашето произведено трпезно грозје на полиците на Европските маркети како ЛИДЛ, АЛДИ, ТЕСКО, АЛБЕРТ АХОЛД..
Наша главна цел за стратешки развој во периодот кој што претстои е зголемување на количините на произведено трпезно грозје, како и имплементирање на современи решенија за унапредување на самиот процес на производство на трпезно грозје. Со речиси 1,5 милиони килограми произведено трпезно грозје годишно, Витториа Фруит веќе е компанија која може да ги опслужи и најсериозните барања на маркетите ширум Европа, па се надеваме дека растот ќе продолжи и во иднина.
Ексклузивната „30 under 30” награда претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за бизнис лидери и честопати е првиот поттик на многу успешни светски познати личности.