ПОВЕЌЕ

    Иван Петровски даде оставка на позицијата заменик генерален директор на „Фершпед“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Иван Петровски повеќе не е извршен член на Одборот на директори – заменик генерален директор на „Фершпед“ одговорен за водење на комерцијалното работење. Поднел оставка, а за промената во органите на управување од компанијата информираат преку куса објава на Македонска берза.

    „Фершпед АД Скопје известува дека Иван Петровски поднесе оставка од функцијата Извршен член на Одборот на директори – Заменик генерален директор одговорен за водење на комерцијалното работење на друштвото. Направен е упис на промена во Централниот регистар на РСМ“, пишува во известувањето.

    На почетокот од август Петровски повторно беше именуван на оваа функција, заедно со реименувањето на Драган Наков на позицијата генерален директор на „Фершпед“.

    Петровски е долгогодишен вработен во оваа компанија. Воедно, беше и првиот наследник на Штерјо Наков по неговото повлекување од челното место во Управниот одбор, во 2013 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично