ПОВЕЌЕ

    ИСТА ПЕНЗИЈА ЗА ПЕНЗИОНЕРИ СО ИСТ СТАЖ – граѓанска иницијатива за собирање 150.000 потписи и референдумско изјаснување

    Време зa читање: 3 минути

    Народот да се изјасни дали треба да се донесе закон за државна пензија, според кој сите пензионери со ист стаж ќе имаат исти примања. До Собранието е доставена граѓанска иницијатива за собирање 150 илјади потписи, што ќе овоможи референдумско изјаснување на оваа тема.

    Прашањето би гласело:

    „Дали сте за или против донесување на закон за државна пензија со која сите пензионери со ист стаж ќе имаат иста пензија, а пензиите согласно стажот ќе бидат пресметани според табелата дадена во прилог“.

    Предлагачите посочуваат дека висината на државната пензија се пресметува според работниот стаж на пензионерот и висината на просечна плата во Македонија, а во табелата се наведени направените пресметки, базирани на просечна плата од 36 илјади денари. Се однесуваат на стаж од нула до над 35 години, а би им следувала на сите мажи кои наполниле 65 години и на сите жени со 62 годинини.

    Лицата со работен век кој надминува 35 години би требало да имаат државна пензија во износ од 27 илјади денари. Или – 36.000 x 0,75 = 27.000.

    За оние што немаат работен стаж се предвидува сума од девет илјади денари: 36.000 x 0,25 = 9.000.

    Предлагачите ги имаат утврдено висините на пензиите: за стаж од 34 години – 26.640 денари, за 33 години – 26.280, за 32 – 25.920, за 31 – 25.560.

    Пензиите кои произлегуваат по реализиран стаж до 30 години би се пресметувале со 0,7 проценти од просечната плата, до 20 години со 0,6, до 10 со 0,4 проценти.

    „Граѓанската иницијатива ја покренуваме од следните причини: кај нас пензиите се неправедни бидејќи во пензија никој нема работни обврски и државата мора да се постави поправедно. Разликата во финансиски средства е поднослива и со мало намалување на администрацијата, остварлива“, се вели во иницијативата доставена до Собранието. Овластен предлагач е Страшо Јованов, а на неа се и стоте потписи од граѓани-жители на Велес. Обрасци за собирање потписи се доставени во подрачните одделенија на ДИК во Штип, Крива Паланка, Прилеп и во скопските општини.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично