
Исплатата на плати во плико е највисокиот степен на сива економија и директно го оштетува државниот буџет, пензискиот систем и здравството. Првиот човек на УЈП Елена Петрова, објаснува дека компаниите не можат да исплатат кеш ако претходно не го извадат од системот – што значи дека некаде има недеклариран промет, скриени приходи или фиктивни расходи. Оваа пракса се засилила по пандемијата и сузбивањето е една од најголемите цели на УЈП во 2026 година. Како дел од решението таа ја наведува фискализацијата, Е – фактурата и дигиталното плаќање што ќе го ограничат просторот за готовина во системот.
„Зборував и за Е – фактурата, претходно и за контролите за фискализација, кога што реков, нерегистрирањето, неевидентирањето на прометот кај еден субјект, значи задржување на готовинскиот промет, користење понатаму на тој промет за плаќање кај други субјекти, користење за исплата на плати во коверт. Но, тука треба да се работи, значи нашите контроли се еден механизам, Е – фактурата исто така ќе биде механизам, но потребни се и пошироки системски мерки за борба против сивата економија, вклучително и за намалување на можностите за користење на готовината.“
Следете не и притиснете „Subscribe“
Аналитика








