Добивка во нето-износ од 2,2 милиони евра и вкупни приходи од 26,4 милиони евра, со раст од 3,5 проценти – се неревидираните резултатите од првото тримесечје остварени од Иуте Естонија, водечката финтек групација во Европа. Во чии рамки е и Иуте Македонија.
Компанијата, ориентирана кон квалитетот и подобрувањето на корисничкото искуство е задоволна од исклучителниот квартал. „На овој начин, со оваа динамика и стратешка поставеност, годишните таргети за приход од 120 милиони евра и нето добивка од 15 милиони евра се сосема остварливи“, посочуваат од Групацијата Иуте.
„Нашите напори да инвестираме повеќе во квалитет наспроти квантитет вродија со плод, приоритет и понатаму останува креирање на поголема вредност за нашите клиенти. И покрај тоа што нашата цел останува надминување на бројката од 300 милиони евра кредитно портфолио, патот кој треба да го изодиме дотаму е исклучиво со унапредување на неговиот квалитет. Затоа особено нé радува позитивниот тренд во првиот квартал во делот на наплатата, кој надмина 90%. Во насока на етичко и одговорно кредитирање, се стремиме да привлечеме што повеќе клиенти кои се кредитоспособни, а за да го постигнеме ова на ниво коешто го посакуваме, ќе работиме дополнително на едукација на клиентите, на дигиталната писменост, пред се на нивната доверба и навлегување во сржта на нивните потреби. Колку поголема реална вредност ќе креираме за нив, толку поуспешна ќе биде приказната на Иуте. Изминатава година имавме значителен технолошки напредок и со новите интегрирани модели за корисничко искуство базирани на машинско учење и наука базирана на податоци, очекуваме уште повеќе да се доближиме до потребите на клиентите, преку етичко одговорно кредитирање и намалување на кредитниот ризик”, вели извршниот директор на Групацијата, Тармо Силд.
Перформансот на Иуте Македонија е над таргетираните очекувања.
„Благодарение на имплементацијата на моделите на машинско учење и напредните аналитики, исплатите во првиот квартал од годината пораснаа за 40% споредено со истиот период минатата година. Воедно, квалитетот на портфолиото во континуитет се подобрува, при што наплатата до 30 дена во првиот квартал достигна 93% на исплатените кредити. Од големо значење за квалитетот на портфолиото има и ново-воведениот сервис на МКБ за автоматска проверка на приходите на клиентите, што воедно допринесува за одговорно кредитирање и непрезадолжување на клиентите. Инвестициите во технологијата и проширувањето на сегментот на услуги остануваат наш најголем приоритет”, вели извршната директорка на Иуте Македонија, Биљана Мишиќ.
Воедно, посочува дека измените на Законот за финансиски друштва од страна на Министерството за финансии, како и новиот Правилник за работење ќе придонесат дополнително за поголема заштита на клиентите и за подобрување на репутацијата на финтек индустријата.
На ниво на Групацијата се постигнати следите стратегиски резултати:
271 илјада активни корисници (31.12.2023: 274 илјади), со приход по клиент во износ од 379 евра (3М/2023: 360 евра);
вкупниот број корисници порасна на 1 милион (31.12.2023: 992 илјади);
консолидираниот биланс на групата се зголеми за 3,7% изнесувајќи 389,8 милиони евра, а капиталот се зголеми за 5,5%, изнесувајќи 67,7 милиони заклучно со 31.03.2024;
MyIute апликацијата достигна бројка од 900 илјади симнувања заклучно со 31.03.2024 (31.12.2023: 813 илјади симнувања);
прва исплата на дивиденда на ЕнергБанк во износ од 3,3 милиони евра (јануари 2024).
Оперативни резултати на групациско ниво:
Исплатата на кредити порасна за 29,7%, достигнувајќи 82,1 милион евра (3М/2023: 63,3 милиони евра);
бројот на одобрени кредити се намали на 75 илјади (3М/2023: 84 илјади);
бруто портфолиото на кредити порасна за 4,9 изнесувајќи 264,3 милиони евра (31.12.2023: 252 милиони евра), од коишто принципалниот износ на кредити порасна за 19,6%, изнесувајќи 244 милиони евра (31.12.2023: 204 милиони евра);
нето портфолиото на кредити порасна за 5,5% изнесувајќи 245 милиони евра (31.12.2023: 232.1 милиони евра);
вкупната мрежа на бескартични банкомати достигна бројка од 78.
Финансиски резултати на групациско ниво:
Приходите од камати и провизии се намалија за 2,6%, изнесувајќи 22,4 милиони евра (3М/2023: 22,9 милиони евра), небанкарско портфолио, како резултат на понискиот приход од државни обврзници во ЕнергБанк;
нето приходите од камати и провизии се намалија за 10,5%, изнесувајќи 15 милиони евра (3M/2023: 16,8 милиони евра), небанкарско портфолио, како резултар на повисоките трошоци и пад на каматните стапки;
вкупниот приход порасна за 3,5%, изнесувајќи 26,4 милиони евра (3М/2023: 25.5милиони евра);
ЕБИТДА, приспособена за курсни разлики и приходи од Енергбанк, се намали за 10,1%, изнесувајќи 10,6 милиони евра (3М/2023: 11,8 милиони евра), прилагодена на еднократните трошоци поврзани со аквизиција на ЕнргБанк и во износ од 0,9 милиони евра;
нето добивка во износ од 2,2 милиони евра, споредбено со 2,8 милиони евра во истиот период од минатата година.
Во изминатите осум години, Иуте Македонија како дел од групацијата Иуте Естонија одигра огромна улога во редефинирање на финансиското опкружување во финтек секторот во Македонија, наметнувајќи сосема нови стандарди во делот на дигитализацијата и корисничкото искуство. Со ребрендирање од Иуте Кредит во Иуте, компанијата веќе работи на проширување во многу нови финансиски сегменти на работење, со што покрај кредитирањето ќе се понудат платежни услуги и осигурување.
На тој начин, како финтек и лидер во дигиталната трансформација, Иуте се подготвува да стане целосен финансиски партнер на граѓаните, преку одговорно, безбедно и сосема поразличнo дигитално корисничко искуство.