За речиси 25,9 милиони евра се зголемиле во февруари средствата со кои управуваат отворените инвестициски фондови. На крајот од вториот месец нивната вредност достигнала 32,155 милијарди денари, односно 522,85 милиони евра. За пет насто повеќе споредено со состојбата од јануари.
Вкупниот прилив во февруари изнесувал 37,31 милион евра. Во однос на јануари и тогашните 62,04 милиони евра, регистрирано е намалување од 39,86 отсто.
Пониски биле и одливите на средства – за 56,53 отсто. Според податоците од месечниот извештај на Комисијата за хартии од вредност, апсолутниот износ е 21,5 милиони евра (49,44 милиони евра – јануари).
Од овие движења произлегла позитивната нето-разлика од 15,81 милион евра.
Аналитика








