ПОВЕЌЕ

    Инвестиција од 100 милиони евра за изградба на четири системи за наводнување на 13.650 хектари земјоделско земјиште

    Време зa читање: 2 минути

    Со 100 милиони евра ќе се изградат четири системи за наводнување по сливот на Вардар – Страиште, Лисиче, Конско и Пепелиште, кои ќе опфатат 13.650 хектари земјоделско земјиште. Проектот ќе се реализира со поддршка од германската КФВ банка, 80 милиони евра заем и 2,8 милиони евра грант за поддршка на земјоделците и земјоделските задруги во областите опфатени со хидросистемите. Тоа се 70 отсто од потребните средства, а 30 проценти се обезбедуваат од државниот Буџет.

    „Овие четири системи за наводнување се дел од Програмата за наводнување на Северна Македонија и се протегаат по сливот на реката Вардар. Станува збор за Хидросистем ‘Лисиче’, кој ги опфаќа земјоделците од општините Велес и Чашка и би обезбедил наводнување за 3.650 хектари земјоделско земјиште. Потоа Хидросистем ‘Пепелиште’, кој ги опфаќа земјоделците од општните Неготино и Демир Капија, со наводнување на површини од 3.000 хектари. Третиот важен проект е Хидросистем ‘Страиште’, кој ја опфаќа општина Валандово наводнувајќи земјоделска површина од 1.500 хектари. Четвртиот проект е Хидросистем ‘Конско’ кој опфаќа наводнување на 5.500 хекатари земјоделско земјиште од општините Гевгелија, Богданци и Дојран“, образложи министерт за земјоделство Љупчо Николовски кој го потпиша Договорот со меѓународната консултантска компанија „Consulting engineers Salzgitter“ (ЦЕС).

    Договорот потпишан со консултантската компанија е во износ од 9,1 милион евра и предвидува изготвување главни проекти за иградба на четирите системи, подготовка на документација, распишување постапка за изградба, надзор и имплементација. Физибилити студиите се веќе изговени, а направена е и проценка на еколошкото влијание на системите.

    „Имплементацијата на Програмата за наводнување во нашата земја ќе овозможи создавање на модерни и ефикасни системи за наводнување кои ќе го зголемат хидропотенцијалот и обемот на земјоделското производство и ќе ги намалат економските загуби“, нагласи премиерот Диитар Ковачевски, кој присуствуваше на потпишувањето на Договорот. Како што потенцира, „реализацијата на оваа Програма е во линија на нашите заложби за создавање модерно земјоделство по европски терк, со што ги решаваме децениските проблеми на нашите земјоделци“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично