ПОВЕЌЕ

    Intesa Sanpaolo е подготвена да финансира 50 милијарди евра за „зелени инвестиции”

    Време зa читање: < 1 минутa

    Италијанската банка Intesa Sanpaolo е подготвена да финансира 50 милијарди евра за зелени инвестиции во Италија, изјави извршниот директор на банката Карло Месина.

    Изјавата на Месина дојде откако Европската унија објави инвестициски план за одржлива Европа, кој има за цел во текот на следните десет години да прибере најмалку 1.000 милијарди евра инвестиции во животната средина и климата, за да ги намали нето-емисиите на СО2 на нула до 2050 година.

    Izvor fotografija: Reuters

    „Мислам дека е можно да се издвојат 150 милијарди евра во Италија. Ние сме подготвени да финансираме 50 милијарди за поддршка на зелената економија“, рече Месина за време на настанот во Милано.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично