Месечната инфлација во ноември е 0,5 проценти, но измерената годишна стапка е 4 насто. Во тој едногодишен период цените на мало се зголемени за 3 насто. Храната и пијалаците, пак, се поскапени за 5,2 насто.
Според Државниот завод за статистика, зголемувањето на ноемвриската во однос на октомвриската инфлацијата произлегува од повисоките трошоци на животот во повеќе групи. Најголемото движење одд 1,7 проценти е забележано кај транспортот. Потоа следуваат: рекреација и култура со 0,9 %; храна и безалкохолни пијалаци со 0,7 %; мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата со 0,5 %; ресторани и хотели, здравје со 0,3 %; алкохолни пијалаци, тутун и наркотици со 0,2 %; комуникации, облека и обувки и домување, вода, електрика, гас и други горива со по 0,1 %.
Единствено нема месечни промени во групите разновидни стоки и услуги и образование.
Аналитика








