ПОВЕЌЕ

    Инфлацијата во март 14,7 проценти, минималната кошница 50.070 денари

    Време зa читање: 3 минути

    Во март е измерена инфлација од 14,7 проценти. Тоа го покажува порастот на индексот на трошоците на животот во однос на истиот месец лани. Кај индексот на цените на мало исто така има пораст – од 10,7  насто. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, мартовскиот индекс на трошоците на животот и индексот на цените на мало споредено со февруари изнесува 99.9.

    Намалување на цените е регистрирано кај лебот и житата за 4,7 отсто, кај млекото за 4,6, маслото и маснотиите за 2,4, сирењето и урдата за 2,2, свежото и разладеното овошје за 1,2, рибата и морските плодови за 0,8 и кај јајцата за 0,2 проценти.

    Од Статистика информираат дека пад на цените е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 6,2, игрите, играчките и хобијата за 5,1, течните горива за домаќинствата за 2,5, информатичката опрема за обработка на податоците за 1,2, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,1, обувките за 1,0, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,7, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,6, моторните возила за 0,4, теписите и другите подни покривки, текстилот за домаќинствата за 0,2 отсто.

    Пораст на цените има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 8.8 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2,1, кафето, чајот, какаото, виното за 0,8, жестоките пијалаци за 0,7%, месото, прехранбените производи, неспоменати на друго место, пивото за 0,6 насто.

    Всушност, долг е мартовскиот список на производи и услуги каде што статистиката евидентирала раст на индексите на трошоците на животот, а меѓу нив се градините, растенијата и цвеќињата за 6,8, стоматолошките услуги за 4,3, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 4,1, цврстите горива за домаќинствата за 3,8, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 3,6 проценти…

    „Ова е најголемото намалување во споредба со октомври претходната година, кога и почнаа да се зголемуваат цените и на прехранбените производи и на енегренсите. Инфлацијата споредено со истиот месец претходната година е 14,7 отсто и е два отсто пониска во однос на февруари. Најважно, согласно извештајот, е дека во однос на февруари има намалување во делот на транспортот и храната што значи дека мерките почнале да го даваат својот резултат“, рече Бектеши, коментирајќи ги податоците на ДЗС.

    Според мерењата, пак, што ги прави Сојузот на синдикатите, минималните трошоци на едно семејство во март изнесувале 50.070 денари.

    За храна биле потребни 19.263 денари, за намирување на режиските трошоци – 13.417, за превоз минимум 3.679, а за хигиени 3.186 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично