Стапката на инфлација нагло се зголеми во јануари, во еврозоната и низ цела ЕУ, во споредба со Декември, но e сè уште под ниво, од тоа што беше една година порано.
Во еврозоната, годишната инфлација беше 0,9% во јануари, а во Унијата 1,2%, според европскиот завод за статистика Евростат.
Земјите од еврозоната забележаа дефлација од 0,3% во декември минатата година и раст на цените од 1,4% во јануари 2020 година. Во ЕУ, годишната инфлација беше 0,3% во декември и 1,7% во јануари минатата година.
Во јануари, цените на услугите придонесоа најмногу за годишната инфлација во еврозоната, проследена со неенергетски индустриски производи, храна, алкохол и тутун и енергија.