ПОВЕЌЕ

    Инфлацијата во еврозоната достигна нов рекорд

    Време зa читање: < 1 минутa
    epa03329370 An illustration image shows Euro coins standing on a European flag in Cologne, Germany, 31 July 2012. EPA/OLIVER BERG

    Инфлацијата во еврозоната порасна на 5,0 отсто на годишно ниво во декември 2021 година, што е ново рекордно ниво, покажуваат денешните прелиминарни податоци на статистичката служба на Европската унија, Евростат.

    На годишна основа, инфлацијата во монетарниот блок во ноември изнесуваше 4,9 отсто.

    Растот на индексот на потрошувачките цени во еврозоната во декември најмногу се должи на растот на цените на енергенсите од 26 отсто на годишно ниво, додека цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемени за 3,2 отсто, неенергетските индустриски производи за 2,9 отсто и услуги за 2,4 отсто, објавени на веб-страницата на Евростат.

    Највисоки стапки на инфлација меѓу земјите-членки на еврозоната во декември се забележани во Естонија од 12 отсто на годишно ниво и во Литванија од 10,7 отсто, додека најниски стапки се регистрирани во Малта, 2,6 отсто и во Португалија 2,8 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично