ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      ИМЛЕК Протеин и оваа сезона ја држи енергијата на Fashion Weekend Skopje

      Време зa читање: 2 минути

      ИМЛЕК Протеин и оваа сезона со поддршка на Fashion Weekend Skopje – таму каде што модата влегува во форма.

      ИМЛЕК Протеин, бренд кој ги следи највисоките стандарди во функционална исхрана, и оваа година беше горд спонзор на Fashion Weekend Skopje, јубилејно 30-то издание на настанот кој ја поставува сцената за модата во Македонија и регионот.

      Под мотото „Кога модата влезе во форма – ИМЛЕК Протеин е тука“, брендот беше присутен зад сцената, каде што пулсира вистинскиот ритам на секоја ревија. Во свет на високи потпетици, динамичен креативен процес и брзи трансформации, ИМЛЕК Протеин обезбеди енергија и поддршка за тимовите, креаторите, моделите и сите што го прават модниот свет жив.

      Fashion Weekend Skopje не е само платформа за нови трендови – тоа е место каде стилот и издржливоста се сретнуваат.

      Во тој контекст, ИМЛЕК Протеин беше повеќе од спонзор: беше невидлив сојузник на издржливоста, производ што стои зад секој фокус, секој чекор и секој успех.

      Со оваа соработка, брендот уште еднаш потврдува дека иновацијата и стилот одат рака под рака и дека здравите навики можат да бидат дел и од најгламурозните моменти.

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично