ПОВЕЌЕ

    Илон Маск објави твит и избриша 365 милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    365 милијарди долари се избришаа од пазарот на крипто, откако Илон Маск објави на Твитер дека Тесла престана да ја прифаќа ова дигитална валута, како начин на плаќања. поради еколошки причини.

    Биткоин денес се врати на близу 50.000 американски долари во азиското тргување, откако падна дури 17% по објавувањето на твитот на Илон Маск.

    „Загрижени сме за зголемената употреба на фосилни горива за експлоатација и трансакции со биткоин, особено јаглен, кој има најлоши емисии од било кое гориво“, напиша Маск.

    Цената на најголемата криптовалута во светот падна вчера од околу 54.819 на 45.700 долари, што е најниска од 1 март, за помалку од два часа по објавата на Маск. На азискиот пазар, биткоинот ја надокнади половина од таа загуба.

    Етериум, втората по големина крипто валута во светот, исто така падна за 14 проценти на најниско ниво од 3.550 долари, пред да закрепне на околу 3.965 долари.

    Веста дека Тесла купи 1,5 милијарди долари биткоин и ќе ја прифати како валута за плаќање за своите автомобили беше еден од главните фактори во зголемувањето на цените на дигиталните валути оваа година.

    Како резултат, коментарите на Маск ги разнишаа пазарите, иако тој рече дека Тесла нема да продава ниту еден биткоин и ќе продолжи да прифаќа биткоини веднаш штом рударството за крипто валута премине во поодржлива енергија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично