ПОВЕЌЕ

    Илон Маск му се нафрли на Сорос: Тој го мрази човештвото

    Време зa читање: 3 минути

    Милијардерот Илон Маск вербално го нападна Џорџ Сорос за време на гостување во популарно ток шоу, дека „го мрази човештвото“, затоа што ја поддржува политиката што ја „еродира структурата на цивилизацијата“. Маск се појави на подкастот на Џо Роган, во празнична емисија за Халоуин, каде со водителот пиеја виски и пушеа пури дискутирајќи на повеќе теми.

    Извршниот директор на X рече дека го купил Твитер пред една година затоа што сметал дека „има корозивен ефект врз цивилизацијата“ и го шири „вирусот на буден ум“ со опасно темпо и ги осуди ограничувањата за ковид, тврдејќи дека луѓето што биле ставени на респиратори биле убиени од самите респиратори, а не од вирусот. Маск ја повтори својата долгогодишна критика на милијардерот финансиер Џорџ Сорос (93), кој со децении ги поддржуваше прогресивните каузи и го налути Маск во мај со отфрлање на неговите акции на Тесла.

    Сорос, роден во Будимпешта, ја преживеа нацистичката окупација на Унгарија и се пресели прво во Британија, а потоа во Соединетите држави, каде што го развиваше својот бизнис, а почна да финансира и филантропски проекти. „Тој верувам дека е најголемиот придонесувач за Демократската партија“, му рекол Маск на Роган. Вториот беше Сем Бенкмен-Фрид“, потсети Маск и додаде: „Според мое мислење, тој суштински го мрази човештвото. Тоа е мое мислење“.

    Маск рече дека е длабоко против работата на Сорос да ги поддржува прогресивните окружни обвинители, кои воделе политики што тој ги сметал за меки за криминалот. „Тој прави работи што ја нагризуваат структурата на цивилизацијата – избира јавни обвинители кои одбиваат да гонат криминалот“, рече Маск.

    Ова не е првпат Илон Маск да зборува за Џорџ Сорос со негативен тон. Во мај годинава, тој на Твитер ја отвори темата и ги изнесе истите обвинувања против финансиерот и филантроп – дека го мрази човештвото. Ова се случи само неколку дена откако Сорос обелодени дека продал дел од своите акции кои ги поседувал во Тесла.

    Иако забелешките на Маск не ја спомнуваат етничката припадност на милијардерот филантроп, Маск беше критикуван за опасната реторика која потенцијално може да поттикне дополнителни напади врз Сорос, кој досега бил мета на чести антисемитистички обоени напади, главно од страна на американската десница.

    Во твитот, Маск го спореди Сорос со негативниот лик од стрипот X-Menм Магнето, кој исто како и Сорос го преживеал Холокаустот. Кога еден корисник на Твитер се обиде да го одбрани Сорос дека има добри намери што се критикувани од оние кои не се согласуваат со неговата политика, Маск одговори: „Претпоставувате дека тие се добри намери. Тие не се. Тој сака да ја уништи самата структура на цивилизацијата. Сорос го мрази човештвото“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично