ПОВЕЌЕ

    И да му ја одземе Регулаторна лиценцата на У ПОВЕР, Скопје нема да остане неосветлено

    Време зa читање: 2 минути

    Снабдувањето на Град Скопје со електрична енергија не е доведено во прашање и доколу на компанијата У ПОВЕР за снабдување со струја, со која Градот има склучено договор, остане без лиценца, информираа попладнето од Градот.

    -Град Скопје сака да даде појаснување во однос на информациите кои се објавени во неколку медиуми, а поврзани со снабдувањето со електрична енергија на Град Скопје по информациите дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) може да ја одземе лиценцата на компанија за снабдување со електрична енергија која има склучено договор со Град Скопје.Снабдувањето на Град Скопје со електрична енергија не е доведено во прашање, појснуваат од Град Скопје.

    Од таму, велат дека до овој момент Град Скопје нема официјално известување од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) дека на компанијата со која има склучено договор за снабдување на електрична енергија и е одземена лиценцата за вршење на оваа дејност.

    -Дури и да се случи тоа, постојат механизми и гаранции каде во тој случај обврските од договорот за доставување на електрична енергија би ги превеле други компании или универзален снабдувач согласно законот, со што во никој случај градот нема да остане неосветлен, додаваат од таму.

    Инаку, Пари веќе објави дека за оваа компанија која е во сопственост на синот на Муса Џафери висок функционер во ДУИ и на Фитим Ибрахими син на сопственикот на најголемата градежна компанија во земјава по приход Ак Инвест, регулаторите поведоа постапка за одземање на лиценцата за снабдување со струја бидејќи навреме не ги обезбедувале потребните количини струја предвидени со договор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично