Комерцијална банка се гордее со хуманоста на своите вработени, кои традиционално по повод Светскиот ден на гладта -16 октомври и годинава донираа храна за социјално ранливите групи граѓани во земјава.
Општествената одговорност е длабоко вкорената во работењето на Комерцијална банка, а хуманоста и сочуството се вредности од кои се водат и вработените во Банката во нивната лична грижа за подобар живот во нашето општество.
Преку годинашната донаторска акција вработените и менаџментот на Комерцијална банка обезбедија 30 пакети прехранбени производи, кои беа предадени на Црвениот крст на Општина Центар. Оттаму треба да стигнат до семејствата и поединците на кои им се неопходни.
Остануваме посеветени на хуманоста и на добрите дела затоа што полесно е заедно да го подобриме квалитетот на животот на сите граѓани во земјава.