Халкбанк АД Скопје го проширува својот дигитален спектар на услуги со воведување на можноста за целосно онлајн отворање на платежна сметка и активирање на електронско/мобилно банкарство – брзо, лесно и без посета на филијала.
Следејќи ги најновите трендови во дигиталното банкарство и стремејќи се кон поголема удобност за клиентите, Халкбанк продолжува да инвестира во иновативни решенија кои значително го поедноставуваат секојдневното банкарење.
Новата услуга овозможува корисниците за само неколку минути, користејќи паметен уред, да отворат сметка и да добијат пристап до електронско и мобилно банкарство – без хартија, без чекање на шалтер и без физичка документација.
„Целта ни е да создадеме банкарство по мерка на современиот клиент – ефикасно, безбедно и секогаш достапно“, велат од Халкбанк.
Сите заинтересирани можат да ја активираат оваа услуга преку официјалниот линк на веб-страницата на банката. Дополнително, за корисниците кои веќе имаат платежна сметка, достапна е можноста за онлајн апликација за електронско банкарство и целосен пристап до дигиталниот свет на Халкбанк.