ПОВЕЌЕ

    Од денес Халкбанк започнува со исплата на јулските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Халкбанк АД Скопје ги повикува своите ценети клиенти-пензионери, пред се во нивни интерес и за нивна поголема заштита, користењето на пензијата да го извршат преку користење на платежните картички за пазарење и користење на мрежата на банкомати во случај на потреба за готовина, како и преку платежните опции на електронското и мобилното банкарство.

    За сите пензионери кои користат платежна картичка, парите ќе бидат на сметка на 28.07 (денес) и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со платежните картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

    За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинска исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

    • во вторник, 28 јули – пензии во висина до 11.000 денари;
    • во среда, 29 јули  – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
    • во четврток, 30 јули  – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
    • во петок, 31 јули –  пензии во висина над 18.000 денари.

    Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на потребите на клиентите во периодот од 08:30 до 16:30 часот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично