ПОВЕЌЕ

    Халкбанк АД Скопје го одбележува “Денот на планетата земја“ како дел од “Priceless Planet” кампањата

    Време зa читање: 2 минути

    Халкбанк како дел од коалицијата „Priceless Planet“ ве поканува заедно да направиме повеќе за животната средина

    “Денот на планетата земја“ секоја година нè потсетува дека можеме и треба да направиме повеќе за животната средина.Следејќи ги своите заложби за добросостојба на луѓето и поздрава животна средина годинаваХалкбанк АД Скопје го одбележуваденот како дел од коалицијата “Priceless Planet“  предводена од Мастеркард преку која се организираат глобални активности во насока на подигнување на свеста за поздрава планета и зацртаната цел за засадување на 100 милиони дрва во следните пет години.

    Халкбанк преку својата кампања по повод Денот на планетата земја, ги покани своите клиенти, партнери и соработници да се приклучат кон целите на коалицијата и да го дадат својот придонес.

    Во кампањата за заштита на животната средина се вклучија и влијателни личности од Македонија. Тие преку јога предизвикот, правејќи ја “yoga tree“ позата симболично ја поздравија заложбата на членките на „Priceless Planet“и ги предизвикаа своите следбеници да се приклучат.

    Секој од нас може да придонесе кон подобрување на животната средина, преку подобрување на своите навики. На ист начин како што се грижиме за нашето тело и дух, треба да се грижиме и за планетата земја. Грижата доаѓа во форма на селектирање на домашниот отпад, користење еко средства за превоз, греење на еколошки начин и слично.

    Халкбанк и коалицијата „Priceless Planet“ се партнери на планетата земја и сите кои се грижат за неа. Уживајте во фотографиите од #YogaTree предизвикот и вклучете се кон иницијативата за поздрава планета.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично