ПОВЕЌЕ

    GYRO HOUSE: Успешен старт-ап со визија за иднината – Интервју со Кристијан Угриновски

    Време зa читање: 4 минути

    Направивме интервју со Кристијан Угриновски, сопственик на Гиро Хаус Скопје (Gyro House Skopje), компанија што во рекордно време се искачи на врвот на fast-food сцената во Македонија. Во ова интервју, Кристијан споделува информации за почетоците на Гиро Хаус, за резултатите од 2023 г. и за плановите во периодот кој следи, како и за неговото ангажирање во градежниот сектор преку негова нова старт-ап компанија.

    Како стартапот Гиро Хаус за толку кратко време прерасна во водечки fast-food бренд во Скопје?

    – Во почетоците никогаш не претпоставував дека ќе го имаме овој раст за толку кратко време. Можам гордо да кажам дека овие 21 месец напорна работа, предводена од еден одличен тим на луѓе, градиме бренд што стана синоним за вкусно гиро и квалитетна услуга во Скопје, а и цела Македонија. Одличните резултати се патоказ дека се движиме во добра насока, додека нашата дисциплина зборува сама по себе. Позитивниот фидбек од многуте задоволни купувачи ни претставува огромен предизвик да растеме уште повеќе, но и да веруваме и стремиме кон уште подобри резултати наредната година.

    Дали може да ни ги споделите резултатите од работењето оваа година во споредба со претходната година?

    – Покрај сите предизвици што ни ги донесе оваа 2023 г. означена со периоди на економски пад на европско ниво и дефицит на основни суровини, дефицит на професионален кадар и пораст на набавните цени, можам гордо да споделам раст од 64% во споредба со ланската година. Во 2023 г. имаме и преку 150.000 услужени купувачи. Овие податоци ни се доказ дека се движиме во одличен правец. Не се откажуваме тука, впрочем одиме со нови цели и визии во наредната 2024 година. Работиме целосно посветено на остварување на некои нови проект-планови кои ќе ги откријам наскоро.

    Која е тајната на привлекување на толку многу клиенти во Гиро Хаус?

    – Според мене, главен виновник за сето ова, произлегува од огромната желба и амбиција да се доведе еден бренд и продукт до перфектност. Да стане синоним најпрвин за една успешна старт-ап приказна, воедно врвна храна и одлична услуга. Непрекинато вложување во софистицирана технологија и знаење за подобро искуство на потрошувачите, како и подобрување на недостатоците и позитивно гледање на критиките. Сето тоа ја открива тајната позади многуте задоволни клиенти во Гиро Хаус. Секако, може да ја потенцирам и ефективната и современа маркетинг стратегија која ја спроведуваме успешно со мојот тим.

    Како млад претприемач како ви успева да го развивате овој бизнис успешно, но и да работите на проекти од други сектори? Од fast-food бизнисот, се активирате и во големи проекти од градежниот сектор?

    – Да, мојата пасија е поделена во два целосно различни сектори. Воедно, моето прво работно искуство е во градежниот сектор  каде што се пронаоѓав од најрана возраст и траеше се до отворањето на Гиро Хаус, но таа пасија никогаш не прекина. Оваа година ја остварив целта да основам моја сопствена градежна компанија „Форб Инвестмент” која се занимава со целосно проектирање и изведба на висока градба. Оваа година беше доста успешна, каде што беа комплетирани 4 целосно завршени проекти, од кој еден од нив е економски значаен за градот и жителите.

    Што може да очекуваме во 2024 од Гиро Хаус, дали планирате експанзија и дали планирате да го ширите вашето портфолио на развој на бизниси и во други сектори или нови стартап проекти?

    – Времето ќе покаже дефинитивно. Не сакам да тврдам додека не се реализираат конечно планираните проекти. Но, во секој случај целите се одредени и поставени за 2024 година. Прогнозите се позитивни, а желбата е на највисоко ниво досега. Тимот е спремен и се надевам ќе не послужи здравје и ќе ги реализираме сите планови по предвиденото!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично