ПОВЕЌЕ

    Gulf Oil и Гранит донираат 13.000 брзи бесплатни тестови за Ковид

    Време зa читање: 2 минути

    Денес во Министерството за здравство пристигнаа 3.000 од вкупно 13.000 брзи тестови за ковид-19 кои ќе бидат бесплатни за граѓаните, а се донација од две компании, Gulf Oil и Гранит. Се работи за најнова технологија, со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот ковид-19

    „Овие брзи тестови се бесплатни за граѓаните, а истите ќе бидат распоредени низ 13-те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’, Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, и ќе се користат за да се утврди дали суспектните пациенти се позитивни на ковид-19“ велат од Министерството за здравство.

    „Нашата компанија активно учествува во борбата против ковид-19 уште од самиот почеток на пандемијата и ќе продолжи да помага на граѓаните онаму каде што е најпотребно. Веруваме дека со брзите тестови кои ги донираме ќе се намали периодот на чекање и ќе им овозможи на здравствените работници побрзо да реагираат и да ги третираат пациентите. Се надеваме дека ќе се појават уште компании како Гранит кои ќе се приклучат на нашето проактивно делување.“ – велат од менаџментот на компанијата Gulf Oil.

    Како потсетување, Семејството Стајиќ, се основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија донираат 1 милион денари за семејството на трагично починатата Емилија Динева, чии органи беа донирани за да се спасат 3 други животи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично