ПОВЕЌЕ

    Групацијата Штаермеркише Шпаркасе оствари добивка од 197 милиони евра во 2019 година

    Време зa читање: 11 минути

    „Штаермеркише Шпаркасе постигна исто така многу задоволителни резултати во 2019 година. Со резултатот за периодот по оданочување од 197 милиони евра, резултатот од претходната година како и предвидениот резултат се значително надминати. Домашното работење кај сегментите правни лица и физички лица постигна натпросечни резултати. Резултатите на нашите подружници во регионот на Западен Балкан, исто така, се значително над планираните. Активностите кои беа во фокусот на компанијата континуирано беа насочени кон стекнување нови клиенти, балансиран сооднос помеѓу депозитите и кредитите, како и кон висок квалитет и одржлив раст. Со купување на 91,57% од акциите на Охридска банка во Северна Македонија, Штаермеркише Шпаркасе успеа значително да го зголеми своето учество на пазарот во Северна Македонија и сега е четврта најголема групација на тој пазар“, вели Герхард Фабиш, Генерален извршен директор на Штаермеркише Шпаркасе.

    Резултат за периодот по оданочување 197 милиони евра

    Резултатот за периодот по оданочување во 2019 година изнесува 197 милиони евра Задоволителните стапки на раст во работењето со клиентите и многу добрата состојба со ризикот во целата Групација значително придонесува кон овој резултат. Учеството на сите банки од регионот на Западен Балкан даде многу добар резултат. Вкупниот биланс на состојба на Групацијата се зголеми на 17,2 милијарди евра. Со вкупен биланс на состојба од 14,4 милијарди евра, Штаермеркише Шпаркасе како матична банка на Групацијата обезбедува предоминантно учество во вкупниот биланс на состојба на Групацијата, како и во претходните години. Позитивниот развој на резултатот на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе со оперативен резултат од 230 милиони евра се базира на растот на работењето со клиентите, којшто исто така продолжи и во 2019 година со стабилни трошоци. Стапката на основниот капитал во Групацијата повторно се зголеми во 2019 година за 18,5%, коефициентот на капиталот изнесуваше 20.3%. Штаермеркише Шпаркасе, исто така е на многу високо ниво споредено на меѓународно ниво. На крајот на 2019 година капиталот на Групацијата изнесуваше 1,8 милијарди евра и е зголемен споредено со 2018 година.

    Извонредно зголемување на бројот на нови клиенти

    Во 2019 година, Групацијата Штаермеркише Шпаркасе како сигурен и стабилен партнер опслужуваше 795.273 клиенти во земјата и во странство. Во 2019 година стекна над 70.000 нови клиенти. Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Банка опслужуваа вкупно 2,6 милиони клиенти во Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија и Штаерска.

    Состојбата со ризикот континуирано е стабилна

    Крајно стабилна состојба со ризикот, исто така, е прикажана и во 2019 година. Во изминатата финансиска година, позитивниот развој на трошоците за ризиците во износ од околу 17,7 милиони евра се должи на високото ниво на ослободување, што резултираше Штаермеркише Шпаркасе да има многу добра состојба во споредба со конкурентите. Коефициентот на изложеност на нефункционални заеми (NPL стапката) сега е намалена од 2,2% на 1,8% од портфолиото. Резервациите за ризиците и постојните хартии од вредност покриваат повеќе од 120.5% од обемот на нефункционални заеми. Овие резултати повторно ја истакнуваат ефикасноста на системот за управување со ризици во Групацијата Штаермеркише Шпаркасе. Како и во претходната година, капацитетот за справување со ризици на Групацијата беше повеќе од ефикасен и во 2019 година.

    Домашен пазар: Над 6 милијарди евра во корпоративното финансирање – Раст од 5,2%

    Во корпоративниот сегмент, Штаермеркише Шпаркасе може да се осврне на извонредно успешна година. Иако економскиот пресврт продолжи само во послаба форма во 2019 година, резултатот од претходната година повторно беше надминат во 2019 година во однос на нови финансиски инвестиции и јасно беше надминат прагот од 1 милијарда евра. Портфолиото на корпоративното финансирање, како резултат на тоа се зголеми на сегашните 6,3 милијарди евра, со раст од 5,2%.

    Новите бизниси кои беа реализирани во износ од 1.165 милиони евра за финансиски инвестиции ја покажуваат не само довербата и спремноста за инвестирање во домашната економија, туку и на спремноста на Штаермеркише Шпаркасе да обезбеди доволно инвестициски кредити. Главен двигател на растот оваа година се должи на финансирањето на МСП со 586 милиони евра и тоа за прв пат со повеќе од половина во новите пласмани. Во однос на консалтингот, посебна важност беше посветена на препораките за надворешната трговија на корпоративните клиенти, а обемот на извозното финансирање значително се зголеми. Во овој контекст, за извозните компании беа обезбедени финансиските барања во износ од 124 милиони евра (+63%). Дејноста на лизингот, исто така извонредно добро се развиваше во изминатата финансиска година, со нов деловен обем од 95 милиони евра (+5.3%) наменет за моторни возила и лизинг на подвижни средства.

    Во дејноста со недвижнини, Штаермеркише Шпаркасе и понатаму ја зголеми својата компетентност со финансиски обем од 558 милиони евра за опслужување на континуираната одржлива побарувачка за инвестирање во станови, модел на удели во градба, изнајмување на домови и имот во комерцијална сопственост.

    Штаермеркише Шпаркасе опслужува околу 25.000 корпоративни клиенти, т.е. секое второ мало и средно претпријатие е во активен деловен однос со Штаермеркише Шпаркасе. Со задоволство може да кажеме дека во изминатата година стекнавме над 1.700 нови корпоративни клиенти.

    Екстремно успешната финансиска година во деловниот сегмент на корпоративни клиенти е импресивно документиран со краткиот преглед на севкупниот резултат на Штаермеркише Шпаркасе. Нивното учество во резултатот за периодот изнесува 62 милиони евра или 32%.

    Домашен пазар: Зголемување во дејноста со физички лица

    Во финансирањето на физичките лица, Штаермеркише Шпаркасе забележа нов финансиски обем од 575 милиони евра, што претставува зголемување од околу 25 милиони евра во однос на претходната година. Од воведувањето на „Klick“ заеми, нашите клиенти, како и лицата што не се наши клиенти имаа едноставен и брз дигитален пристап до финансирање на потрошувачки кредити во секое време.

    Штедните влогови во Групацијата се развиваат во многу позитивна насока во 2019 година и се зголемија за 250 милиони евра на околу 6,75 милијарди евра. Тие се многу популарни и покрај ниската каматна стапка со висока сигурност и брза достапност.

    Освен тоа, беа склучени 23.500 нови кредитни договори за градење и над 4.000 нови финансиски планови. Со над 13.000 нови договори за осигурување и производна вредност од околу 315 милиони евра, темите за премии, несреќи и ризици беа одлично имплементирани. Како и во претходната година, барањата на клиентите беа доста насочени кон обезбедување провизии за пензиите и осигурување од несреќи. Со раст од повеќе од 63% раст во областа на неживотно осигурување, како осигурување на домаќинства, имот и здравствено осигурување, Штаермеркише Шпаркасе, исто така, е сеопфатен партнер за своите клиенти и во оваа област.

    Одржливиот позитивен развој во 2019 година на финансиските и капитални пазари имаше значително позитивен ефект на дејноста со хартии од вредност. Резултатите во делот на провизиите од околу 29 милиони евра, како и бројот на сметките на клиентите за тргување со хартии од вредност значително се зголемија. Тоа значи дека довербата на нашите клиенти се потврди и во делот на консултантските услуги на Штаермеркише Шпаркасе.

    Новите 25.000 платежни трансакциски сметки ја истакнуваат важноста на регионалната банка за платежните трансакции во регионот.

    Со над 13.000 продадени кредитни картички беше одржан добриот резултат од претходната година.

    Со скоро 60% корисници на „George“, Штаермеркише Шпаркасе уште еднаш покажа дека има јасно поставен правец кон иновативно лидерство коешто е поставено со „George“.

    Југоисточна Европа: резултат од странските пазари со учество од 42,5% во вкупниот резултат

    Во изминатата финансиска година, нашите банки на странските пазари продолжија со својот успешен развој и придонесоа во резултатот за периодот со удел од 42,5%. Ова е најдобар генериран резултат во земјите од Западен Балкан досега. Овој придонес во добивката е постигнат како резултат на позитивниот развој на ризиците, добриот тек на работењето на нашите банки во кои имаме акционерски удели и купувањето на Охридска банка во Северна Македонија.

    Шпаркасе банка Македонија генерираше добивка од 4 милиони евра, со 9,6% стапка на поврат на капиталот (ROE) и коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) кој беше намален на 64,9%. Потрошувачките кредити растеа со стапка од 14,9%, а депозитите на клиентите со стапка од 6,6%.

    На 4 ноември 2019 година, беа откупени 91.57% од акциите на Охридска банка. Со заеднички вкупен биланс на состојба во износ од над 1 милијарда евра и 700 вработени, Штаермеркише Шпаркасе е четврта најголема банкарска групација во Северна Македонија. Проектот за спојување на Охридска банка со Шпаркасе Банка Македонија е во тек и спојувањето се планира во второто тромесечје од 2021 година.

    Шпаркасе Банка во Босна и Херцеговина генерираше добивка од 12 милиони евра, односно со 20,4% над резултатот од претходната година. Стапката на поврат на капиталот (ROE) веќе петта последователна година е над 10%, а во 2019 година изнесува 11,2%, со стапка на коефициентот за сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 59,9%.

    Вкупниот биланс на состојба значително е зголемен за 80% на 808 милиони евра. Споредено со претходната година, потрошувачките кредити се зголемени за 7,3%, а депозитите на клиентите за 9,1% во претходната финансиска година.

    Ерсте и Штаермеркише Банка во Хрватска генерираше многу задоволителен подгрупациски резултат од 129,7 милиони евра, особено заради ниските резервации за ризици и висок суфицит на провизии споредено со претходната година. Потрошувачките кредити се зголемија за 4,5%, а депозитите на клиентите за 3,9%, соодветно. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 10,2% со стапка на коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 51,8%.

    Ерсте Банка во Србија генерираше резултат за периодот од 23.4 милиони евра, што е 9,7 милиони евра над планираното. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 9,8%, а стапката на коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 69,1%, оптоварено од повисоки трошоци во текот на имплементирањето на новиот основен банкарски систем. Растот на потрошувачки кредити изнесуваше 17,3% и депозитите на клиентите 13,1%. Вкупниот биланс на состојба значително беше зголемен (+15.8%) и сега изнесува 2.1 милијарди евра.

    Ерсте Банка во Црна Гора генерираше најдобар резултат во историјата на Банката, со добивка од 12,3 милиони евра. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 14,7%, а стапката на коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 57,5%. Растот на кредитите изнесуваше 20% во однос на претходната година. Депозитите на клиентите се зголемија за 13,5%.

    Банка Шпаркасе во Словенија повторно генерираше многу добар резултат, со скоро 5 милиони евра добивка и значително надминување на планираниот резултат. Додека потрошувачките кредити се зголемија за 2,6%, депозитите на клиентите се зголемија за 12,5%.

    Групацијата ѕ-Leasing во Југоисточна Европа финансираше подвижни средства и моторни возила и тековно управува со вкупни обврски од околу 667 милиони евра. Генерираната добивка по оданочување изнесува 9 милиони евра.

    Резултатите од стратешкото учество во широкиот домашен пазар потврдуваат стабилна и долгорочна бизнис стратегија на Штаермеркише Шпаркасе.

    Вработени и локации

    На крајот на 2019 година, во Групацијата Штаермеркише Шпаркасе работеа 3.180 вработени на 259 локации во Штаерска и во Југоисточна Европа. Бројот на вработени во Групацијата Штаермеркише Шпаркасе (вклучено Северна Македонија, Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора) изнесуваше 9.139 на 518 локации.

    Австриски пазар во 2019 година и очекувања за 2020 година

    По добриот развој во претходната година, домашната економија растеше значително побавно (БДП +1,7%) во 2019 година. Нарушувањето главно беше резултат на индустриското производство и намалувањето на меѓународната побарувачка.

    Економскиот пресврт од претходните години имаше позитивни последователни ефекти на австрискиот пазар на труд. Стапката на невработеност во Австрија опадна од 4,9% на годишно ниво во 2018 година на 4,6% и остана значително под нивото на Европската унија. ЕЦБ последен пат ги намали основните каматни стапки на 10 март 2016 година на 0% и од тогаш се наоѓаат на истото ниво.

    Релаксираната политика на основните каматни стапки, исто така, продолжи и во 2019 година. Инфлацијата во Австрија од 1,1% веќе достигна ниско ниво споредено претходната година (2,%). Во 2019 година, како и претходните години, каматните стапки на австриските банки продолжија да паѓаат како во портфолијата на кредитите и во сегментот на депозитите, но останаа во позитивен опсег.

    По значително понискиот раст во 2019 година (БДП +1,7%) споредено со економскиот бум во 2018 година (БДП +2,4%), IHS и WIFO тековно предвидуваат понатамошно олабавување на растот на австрискиот БДП од максимум 1,3% за 2020 година.

    За 2021 година, се предвидува постепено економско опоравување од максимум 1,6%. Ризиците за економскиот развој коишто влијаат и по односниот датум за билансот на состојба континуирано се класифицирани како многу високи. Овде се вклучени меѓународните критични точки (flashpoints), како конкуренцијата помеѓу САД и Кина и ефектите по БРЕГЗИТ, како и негативните економски ефекти како последица на ширење на коронавирусот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично