ПОВЕЌЕ

    Глобалниот данок е се поблизу

    Време зa читање: 2 минути

    Финансиските лидери од Групата на седум богати земји ја намалија разликата во размислувањата за глобалното оданочување.

    Сепак, тешко дека специфичните износи на минималните даночни стапки ќе бидат разгледани на состанокот викендов, изјави јапонскиот министер за финансии, Таро Асо.

    Асо рече дека планира билатерален разговор со американската министерка за финансии, Џенет Јелен, на маргините на состанокот на Г7, што треба да се одржи на 4 и 5 јуни во Велика Британија, иако деталите не се разработени.

    „Мислам дека не може да се разговара за конкретни бројки(даночни стапки) на состанокот во јуни“, рече Асо пред новинарите по состанокот на владата.

    На прашањето за тоа каков е ставот на Јапонија во врска со минималниот глобален данок и каков пристап ќе има Токио на состанокот со Јелен, Асо не даде детали, велејќи дека ова прашање не било ставено на дневен ред.

    Учесниците на состанокот на Г7 оваа недела ќе ја разгледаат поддршката за нивните економии кога ќе излезат од пандемијата и ќе постигнат амбициозен договор за минималениот глобален данок за добивката од правните лица на самитот на Групацијата во јули, според нацрт-изјавата во која британската агенција имала увид.

    Целта на воведување на тој данок е да се реши проблемот на големите компании кои создаваат големи приходи и плаќаат многу мали даноци, бидејќи од даночни причини тие основаат канцеларии во правните држави каде што стапките се ниски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично