ПОВЕЌЕ

    Глобалната трговија пред пад од седум проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Вредноста на глобалната трговија оваа година ќе се намали за седум до девет проценти во споредба со минатата година и покрај знаците за деликатно закрепнување во третиот квартал, предводена од Кина, според новиот извештај на ООН.

    Ниту еден регион не беше поштеден од големиот пад од 19 проценти во вториот квартал, бидејќи епидемијата „Ковид 19“ ја наруши светската економија, објави Конференцијата на ООН за трговија и развој (УНКТАД).

    Глобалната трговија се опорави нешто во третиот квартал, кога беше за 4,5 проценти послаба во споредба со истиот период од претходната година, наведува агенцијата во новиот извештај.

    „Трговијата со опрема за домашни работи и медицински материјали се зголеми во третиот квартал, но дополнително ослабе во автомобилскиот и енергетскиот сектор“, рече УНКТАД.

    Беше забележано дека и секторот на текстилната индустрија бележи добри резултати.

    Прелиминарната прогноза за раст за четвртиот квартал се очекува да падне за три проценти, но се потенцира дека постојат неизвесности во врска со понатамошниот развој на пандемијата.

    Ако пандемијата се разгори во наредните месеци, тоа ќе го влоши опкружувањето за донесување одлуки и ќе доведе до нагло зголемување на рестриктивните трговски мерки, според агенцијата на ООН.

    Кинескиот извоз силно закрепна во третиот квартал по падот во раните месеци на пандемијата и забележа годишен раст од близу десет проценти.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично