ПОВЕЌЕ

    Германските инвестиции ќе ја “окупираат” домашната економија-изберете работно место

    Време зa читање: 4 минути

    Странските инвеститори и во услови на пандемија продолжуваат да инвестираат во земјава, се зголемува извозот и се најавени нови големи инвестициски циклуси.

    На објавата за инвестицискиот циклус 2021-2027 на премиерот Зоран Заев, тој ги најави земјите и секторите на новите инвестиции кои претстојат.

    -Станува збор за неколку компании од Германија, од Белгија, САД, Швајцарија, Турција, Холандија, Словенија и други кои инвестираат во ТИРЗ-овите во Северна Македонија од повеќе индустриски сектори, како фармацијата, автомобилската, прехранбената, градежната индустрија, бројлерското производство, но и други области.Ова значи отворање нови работни места во сите региони, достоинствени плати, внес на нова технологија, раст на извозот и на севкупната економија, истакна премиерот.

    Еве кои се компаниите кои ќе инвестираат во земјава, а најмногу се германски:

    • Компанија од Германија, фабрика за амбалажа во фармацевтска индустрија, вредност на инвестицијата 120 милиони евра, нови работни места 180, ТИРЗ Скопје 2;
    • Мултинационална компанија, проширување со нов објект, вредност на инвестицијата 17 милиони евра, нови работни места 100, ТИРЗ Скопје 1;
    • Компанија од Италија, проширување со нов објект , вредност на инвестицијата 10 милиони евра нови работни места 50, ТИРЗ Скопје 3;
    • Компанија од Германија, Проширување на производството, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 510, ТИРЗ Струга,
    • Компанија од Германија, нова инвестиција и плус проширување во Битола, вредност на инвестицијата 30 милиони евра плус 26 милиони евра проширувањето во Битола, нови работни места 3000 плус 1230 во Битола, ТИРЗ Скопје 3;
    • Компанија од Германија, нов погон во Куманово, вредноста на инвестицијата 16 милиони евра нови работни места 1000, Куманово индустриска зона;
    • Компанија од Канада, производство на ретровизори за автомобили, вредност на инвестицијата 32 милиони евра, нови работни места 900, Индустриска зона Струга;
    • Фарми за производство на бројлери, живинарски фарми на 11 локации, вредност на инвестицијата 20 милиони евра, нови работни места 1000, започната во функција 30% а остатокот се гради;
    • Компанија од Турција, производствен капацитет, вредност на инвестицијата 12 милиони евра, нови работни места 215, ТИРЗ Скопје;
    • Компанија од Германија, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 5 милиони евра, нови работни места 100, ТИРЗ Скопје 2;
    • Мултинационална компанија, проширување на производство, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 960, ТИРЗ Кичево;
    • Мултинационална компанија, проширување на производство, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 30, ТИРЗ Скопје 1;
    • Компанија од САД, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 13 милиони евра, нови работни места 880, ТИРЗ Тетово;
    • Компанија од Белгија, развоен и истражувачки центар, вредност на инвестицијата 1 милион евра, нови работни места 15, ТИРЗ Скопје 1;
    • Компанија од Германија, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 35 милиони евра, нови работни места 120, ИЗ Охрид;
    • Компанија од Германија, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 15 милиони евра, нови работни места 100;
    • Компанија од САД, неколку нови проекти, вредност на инвестицијата за сите е 80 милиони евра, најновиот погон е 28 милиони евра, нови работни места 57, ТИРЗ Скопје 2;
    • Мултинационална компанија, нов проект, вредност на инвестицијата 20 милиони евра, нови работни места 300, ТИРЗ Скопје 1;
    • Компанија од САД, Производство на метална опрема, вредност на инвестицијата 13 милиони евра, нови работни места 80, ИЗ Жабени Битола;
    • Компанија од Швајцарија, производство биотехнологија, вредност на инвестицијата, 18 милиони евра, нови работни места 125, ИЗ Скопје;
    • Компанија од Турција, три производни линии под еден кров, вредност на инвестицијата 2 милиони евра, ИЗ Прилеп;
    • Компанија од Турција, производство на градежни материјали, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 120, ТИРЗ Скопје;
    • Компанија од МКД, производство прехрана, вредност 5 милиони евра, нови работни места 100, ТИРЗ Прилеп;
    • Компанија од МКД, производствен погон, вредност 2 милиони евра, нови работни места 194, Прилеп;
    • Германска компанија, нов ДАТА Центар, вредност 20 милиони евра, нови работни места 35, Скопје;
    • Компанија од Холандија, погон за козметички и хигиенски средства, вредност 10 милиони евра, нови работни места 188;
    • Германска компанија, автомобилски делови, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 600, ТИРЗ Скопје;
    • Компанија од Словенија, автомобилски делови, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 450, Скопје;
    • Компанија од Словенија, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 30 милиони евра, нови работни места 120, ИЗ Пробиштип.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично