ПОВЕЌЕ

    Германската Влада ја спасува Луфтханза со девет милијарди евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Воздухопловниот гигант Луфтханза и Германската Влада постигнаа договор за помош во вредност од девет милијарди евра, соопштија денеска два владини извори, пренесува Хина.

    Договорот, начелно ќе го следи планот според кој компанијата ќе ги добие средствата за надминување на економските последици од корона-кризата, додека Владата ќе добие 20 отсто сопственички удел.

    Предлогот го состави владината комисија, врз основа на законот за основање фонд за стабилизација на економијата. Клучна точка од договорот е дека врз основа на 20 отсто удел Владата нема да стекне право на глас во акционерското собрание, кој би и овозможил блокирање на клучните одлуки на управата.

    Луфтханза се соочува со најголемата финансиска криза во својата историја, како резултат на пандемијата на коронавирусот, за време на која беше принудена да приземји околу 90 проценти од своите авиони. Во еден момент, фирмата имаше загуби од околу 800 милиони евра месечно.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично