Германската влада во петокот ја бранеше својата одлука да не ја исклучи земјата од меѓународниот систем за размена на финансиски информации на SWIFT како дел од санкциите против Русија.
„Европа веќе има негативни искуства со протерувањето на Иран од системот SWIFT“, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок. Таа рече дека исклучувањето на Русија од системот SWIFT ќе го оневозможи финансирањето на хуманитарни проекти.
Баербок смета дека многу поефикасна мерка е исклучувањето на големите руски банки од финансискиот систем.
„Сега е важно да донесеме санкции кои директно ќе го погодат електроенергетскиот систем во Русија, а не само да звучат гласно“, рече Баербок.
Освен Германија, против исклучувањето на Русија од SWIFT се противат и Италија и Унгарија.
Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер во петокот изјави дека постои опција Русија да се исклучи од глобалниот систем за плаќање SWIFT, но дека тоа го смета за последно средство.