ПОВЕЌЕ

    Германците земаат помали плати

    Време зa читање: < 1 минутa

    Прв пат по 2007 година, Германците земаат помали плати.

    Коронавирусот ги погоди платите на работниците во Германија во 2020-та година, што паднаа за прв пат откако државниот завод за статистика започна да објавува извештаи во 2007-ма година.

    Бруто месечните плати, вклучително и дополнителните исплати, минатата година паднаа во просек за нешто повеќе од 0,6 проценти, објави „Дестатис“, повикувајќи се на прелиминарните податоци.

    Кога ќе се земе предвид растот на потрошувачките цени од околу 0,5 проценти, минатата година реалните плати просечно се намалија за еден процент. Податоците за 2020 година не ја земаат предвид програмата за субвенционирање на платите на Владата за да се обезбеди егзистенција на работниците кои мораа да останат дома.  Германија е една од најбогатите земји во Европа која може да се пофали со високи плати.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично