ПОВЕЌЕ

    Генерали Инвесмент: Gemini предизвика пораст на акциите на Google

    Време зa читање: 6 минути

    Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

    Еуфоричен раст на берзите

    Еуфоричниот раст на берзите, поттикнат од поволните податоци за инфлацијата во ноември, донекаде се ублажи на почетокот на декември. Сепак, главните берзански индекси ја забележаа шестата последователна позитивна недела. Американскиот S&P 500 го достигна највисокото ниво годинава, добивајќи скоро 12% во долари во последните шест недели.

    Ентузијазмот на инвеститорите малку се олади

    Податоците од американскиот пазар на труд главно беа виновни за тоа што ентузијазмот на инвеститорите привремено малку се олади. Бројот на новоотворени работни места и отпуштања во САД опаѓа, како што беше и во поголемиот дел од оваа година, а растот на платите забавува. Сепак, со невработеност од 3,7%, пазарот на трудот останува историски многу тензичен. Сè додека е така, на централните банкари ќе им се овозможи голема дискреција во напуштањето на строгата монетарна политика.

    Alphabet го претстави новиот модел на вештачка интелигенција Gemini

    Од друга страна, биковите на берзата продолжуваат да се оптимисти за вестите од областа на вештачката интелигенција. Минатата недела, матичната компанија на Google Alphabet претстави нов модел на вештачка интелигенција наречен Gemini. Разбира и обработува слики, видеа, звук и решава математички проблеми. Цената на акциите на Google по претставувањето на новиот модел на AI се ближи до рекордните нивоа од 2021 година. Ако за време на златната треска во Калифорнија во 1840-тите најголеми победници беа продавачите на шипки и лопати, во бумот на вештачката интелигенција победници се тие што произведуваат микрочипови. Минатата недела акциите на американскиот производител на микрочипови AMD доби 10%, каде што ја претстави новата генерација на чипови, со кои има намера да заземи значителен дел од пазарниот удел на пазарот од 400 милијарди, каде Nvidia моментално силно доминира со учество од околу 90%.

    ЕЦБ ќе почне да ги намалува каматните стапки пред американската ФЕД

    Дури и во еврозоната, стапката на невработеност од 6,5% останува блиску до најниските нивоа од создавањето на еврото, додека трошоците за работна сила растат со најбрза стапка од почетокот на мерењата на Евростат во 1995 година. Иако со помал економски раст во споредба со САД, се зголемува можноста ЕЦБ да почне да ги намалува каматните стапки пред американската ФЕД.Тоа се одрази со лизгање на бараните приноси на европските обврзници, кои се блиску до најниските нивоа годинава и пад на вредноста на еврото. По есенскиот скок повторно се враќа на вредноста од 1,08 американски долари за евро.

    Оваа недела во знакот на седницата на ФЕД и ЕЦБ

    Оваа недела главно ќе биде обележана со состанокот на ФЕД и ЕЦБ. Двете најважни централни банки многу веројатно ќе ги задржат каматните стапки непроменети, така што пазарите ќе бидат уште повеќе фокусирани на индиции за тоа кога во 2024 година можеме да ги очекуваме првите намалувања на каматните стапки. Очекувањата се големи, па дури и една погрешна реченица може да предизвика значителна промена на пазарите.

    Индексите на кинеската берза дополнително паднаа откако рејтинг агенцијата Мудис ја намали економската состојба на Кина од стабилна на негативна. Меѓу главните причини за одлуката се веќе добро познатите проблеми во секторот на недвижности, зголемувањето на јавниот долгот, задолжувањата на локалните власти и намалената доверба на потрошувачите. Дури ни свежите податоци за инфлацијата во ноември, која беше повторно негативна во Кина, не беа повеќе ветувачки. Мерено со ИПК, цените паднаа за 0,5% на годишно ниво. Се погласни се податоците кои бараат дополнителни мерки на Комунистичката партија за заживување на економската активност. Податоците за растечката дефлација од производниот сектор се негативни и за кинеската економија, но во исто време тие укажуваат дека инфлацијата во Европа и САД би можела да се намали дури и побрзо од очекуваното, бидејќи Кина, како светска индустриска сила, сега ги извезува своите производи по пониски цени низ целиот свет.

    Индија ќе биде најбрзорастечката голема економија во светот оваа година со раст на БДП од 6,3%

    Сосема поинакво е расположението на инвеститорите на индиската берза, каде што централниот берзански индекс од почетокот на годината забележа раст од околу 15%. Растот се заснова на многу добри резултати на најголемите компании и силниот економски раст. Индија ќе биде најбрзо растечката голема економија во светот оваа година со раст на БДП од 6,3% (прогноза на ММФ). Уште пооптимистички се прогнозите за 2024 година, кога се очекува економски раст од дури 7%, а инвеститорите се смирени и од последните изборни анкети, кои укажуваат на победа на актуелната владејачка партија и Моди. Покрај поволните внатрешни економски движења, Индија ги искористи и проблемите на другите најголеми економии на пазарите во развој и привлече многу странски капитал, кој во Индија најде соодветна алтернатива на политички и економски несигурната Кина и отфрлената Русија.

    СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

    Зголемувањето на каматите заврши. Инвеститорите се надеваат на брз пресврт во политиката на каматните стапки и на првите кратења што ќе резултираат веќе напролет. Но, овие очекувања се веројатно премногу оптимистички и каматните стапки очигледно ќе останат повисоки барем до првата половина на 2024 година. Инфлацијата рапидно паѓа, но целта од 2% сè уште не е толку блиска како што изгледа, бидејќи пресметката има свои закони, а барем на почетокот од 2024 година може да очекуваме помал скок. Пазарот на трудот останува силен, економската активност забавува, но глобалната економија останува во зоната на раст, главно поради услугите. Глобалните и американските технолошки акции се скапи и ова е главната причина зошто остануваме внимателни со инвестициите во акции, иако најновите деловни податоци ги поддржаа сегашните нивоа на акциите. Инвестициите во обврзници, главно поради врвот во циклусот на зголемување на каматните стапки и придвижувањето кон област каде приносите на обврзниците ќе бидат повисоки од инфлацијата, добиваат на привлечност. Неопходно е да се задржи долгорочен пристап со периодично зголемување на инвестициите. Глобалното диверзифицирано портфолио со комбинација од акциски фондови како што Генерали Топ БрендовиГенерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, го нуди најдобриот одговор на зголемените вреднувања од една страна и забавувањето на глобалната економија од друга страна. Комбинацијата на вложувања во обврзници и акции во моментов ја претставува вистинската комбинација на принос и безбедност.  Здравствениот сектор е поволно вреднуван, а во исто време се појавуваат некои добри приказни, како што е влез на вештачката интелигенција во здравството и лекот за дебелината. Обврзниците исто така можат да генерираат капитални добивки кога потребните приноси на берзата паѓаат. Иако технолошките акции се високо вреднувани, тие претставуваат остров на раст и со тоа остануваат привлечни за инвеститорите во оваа средина на успорување на глобалниот раст, бидејќи со позитивните приказни како вештачката интелигенција, тие претставуваат основа на идниот раст на економијата и берзите. Од статистичка гледна точка, кинеските акции остануваат атрактивни, но во последниве недели се акумулираат толку многу негативни вести што е малку веројатен брз пресврт на трендот, така што остануваме претпазливи и ставаме поголем акцент на Индија и нејзините инвестиции. Имено, Индија станува најатрактивна економија на пазарите во развој, со силен раст на средната класа и релативно добра правна сигурност врз основа на англосаксонското законодавство и демократски избраните владини претставници. Може да се каже дека Индија сè повеќе ја имитира приказната за брзиот раст на Кина од почетокот на милениумот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично