Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, изјави дека службените патувања по короната најверојатно ќе бидат намалени за дури 50 проценти, а исто така верува дека ќе поминуваме 30% помалку време во канцеларијата.
Тој додава дека за многумина секогаш ќе постои начин да се работи од дома, пишува CNBC.
Сепак, тој посочува дека не сите компании прават еднакви напори да им овозможат на вработените да работат од далечина, истото е и со состаноците, кои не мора секогаш да се одржуваат во живо, за да бидат ефикасни.
Гејтс исто така истакна дека неговиот деловен распоред сега е многу поедноставен, во споредба со оној пред корона-кризата, бидејќи тој не може и не мора да патува толку многу. Од почетокот на пандемијата на „Ковида-19“, неговата фондација активно работи на наоѓање вакцина против вирусот корона. Еден од најголемите технолошки генијалци, исто така, изјави за Business Insider дека не ги разбираат луѓето кои не носат маски.
Што се тие, божем се некои нудисти? Се прашуваше Гејтс.
Пандемијата, патем, ги уништи аеродромите ширум светот и драстично ја намали побарувачката за авионски патувања. Туризмот, исто така е значително погоден и веројатно ќе требаат години за сè да се врати на нивото од 2019 година.