„Дали данокот на имот може да биде поефективен начин за полнење на буџетот? Во подкастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов, Павле Гацов ја разгледува потребата од повисок данок за втори и трети станови и објаснува како тоа може да донесе повеќе пари за јавните услуги.
„Точно е дека кај нас имаше таков предлог, но знаете тој предлог од кој тип е? Јас и Вие сме министри и ние велиме да се зголемат даноците за економски неискористени станови. Завршуваме со предлогот и велиме „ај во кафеана сега ќе одиме.“ значи, тоа треба да се разработи во механизми, алатки, во примена. Обезбедија ли докази, евиденција и регистри каде што секој Павле Гацов на пример има 20 станови, ќе му направат регистри на сите 20, живее само во еден, 19-те ќе му ги оданочат по зголемена ставка. Нема таква работа. Не можете вие да носите мерка, а да немате во позадина алатки што ќе ја обезбедат примената на таквата мерка. Тоа е хендикепот на Македонија. Прекрасни закони, примена тапа. Зошто? Затоа што сите се во кафеани, на ручеци и на бош-муабети. Никој не работи. Јас ви гарантирам дека во Словенија, бидејќи знам, меѓудругото ние формиравме Здружение на даночни советници на Југоисточна Европа, мене ме избраа за потпретседател. Претседателот е Словенец, да не го именувам, тој е поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Словенија, значи фудбалот и даноците имаат врска, да знаете. И тој ме извести, вика: ние сме готови со регистрите, за секој знаеме кој стан и во Катастарот сигурно е обезбедено и сигурно ќе го примениме тоа. Кај нас не знам дека такво нешто нит се почна, нит се спроведе, нит се обезбеди, иако законот налагаше. Затоа е добро кога ќе кажеме – зошто не се примени, да се прашаме – а кој обезбеди механизам за примена ние тоа што го кажувавме? Никој. Така што политички се изјавите, а механизмите за примена се …
- Лесно ли е спроведливо сето тоа? Мислите ли дека граѓаните би прифатиле да плаќаат за втор, за трет стан повисоки даноци? И не е само за вториот на пример ако се плати 50% поголем данок на имот, за третиот би требало да се плати малку поголем – не 50%, туку 70%? Ако имам 20 стана, тоа би одело до прилично висока сума.
- За да нема отпор треба тоа да биде иницијално благо. Ако се плаќа на следниот 50%, следниот да биде на 55%, да не одиме така душмански за да се спротивстават сите на мерката. Едноставно таа треба да биде благопријатна, така да кажам, условно. Не постои новина што лесно се применува. Особено ако треба на некому да му земеш од џебот, сигурно ќе има противници. Но на крајот ако тоа го претвориш во убава улица, асфалтирана, со ивичници и водата не се прибира по улиците, ќе видат дека наменско е потрошено прибирањето. Во ваков контекст кога зборуваме за прибирањето на давачките и во степенот на оптовареност, ние овде бидејќи приходот којшто го испуштивме преку персоналниот данок, персоналниот данок го оданочува приходот е претворен во имот и ние сега тука велиме – ама добро, во бааги поголем имот е претворено. Дајте вие што имате повеќе бидејќи тука не сме ве фатиле, малку тука додадете во финансирањето на државата, ако сакате, ве молиме, се разбира, тоа ве молиме е во наводници …. ите . еме “
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете ,,сабскрајб” за повеќе вакви интересни дискусии!“