ПОВЕЌЕ

    Функционирање на концептот “напумпај и продади” (pump and dump)

    Време зa читање: 4 минути

    Одредување на движењето на цената на некоја финансиска актива претставува една од најкомплексните и најважните активности при процесот на инвестирање или тргување.  Инвеститорите користат најразлични алатки и методи за дефинирање на стратегија со која би можеле успешно да го предвидат движењето на вредноста на активата. Меѓутоа, развојот на соодветна стратегија и спроведување на детална анлиза наметнува потреба за користење на голем број вреодостојни податоци кои не се секогаш достапни.

    Може да се каже дека во нормални околности, процесот за инвестирање би се состоел од неколку чекори и тоа: идентификување на можна актива, анализирање на активата, дефинирање на соодветна стратегија, тестирање и прилагодување на стратегијата и одлука дали да се инвестира во конкретната актива. Вака дефинираниот процес може да биде проследен со големо ниво на трошоци и може да одземе време додека да се најде соодветна можност за инвестирање или тргување.

    Некои инвеститори сакаат да го заобиколат овој процес и да ги зголемат шансите за заработка преку користење на таканаречениот метод “напумпај и продај” (pump and dump). При користење на овој метод, инвеститорите се обидуваат да извршат притисок на цената на некоја акција (или некоја друга актива) со цела да нампумпаат цената. Секако, овие инвеститори претходно имаат купено голем број на акции од конкретна фирма. Преку пумпање на цената тие се обидуваат вештачки да влијаат на движењето на цената. Во моментот кога цената ќе го достигне баранато ниво тие ги продаваат сите акции и го собираат профитот со што може да предизвикаат драстичен пад на цената на акциите.

    Инвеститорите кои последни ги купиле акциите се тие кои ќе ги сносат негативните последиците и финансиките загуби кога некој би го користел методот “напумпај и продај” за личен бенефит.

    Ваквиот неморален и нелегален метод за остварување на заработка може да се користи од страна на инвеститори кои имаат високо ниво на ресурси и кои имаат канали преку кои би можеле да влијаат на цената на активата. Овие богати поединци или институции (брокерски куќи) може да бидат категоризирани и како  креатори на пазарот (market makers) бидејќи тие го „создаваат“ пазарот, односно, создаваат побарувачка за акцијата или некоја друга актива. Најчесто, „market makers“ се тие кои што имаат сопственост врз голем број на акции од фирма со несигурна перспектива. Со цел да се напумпа цената на акција, се започнува со промовирање на компанијата преку објавување на лажни информации кои би дале позитивна слика за компанијата. Каналите преку кои се пумпа акцијата вклучуваат различни социјални мрежи, релевантни блогови, онлајн списанија, портали, емаил кампањи и директно промовирање до потеnцијални купувачи. Ваквиот начин на популаризирањето на одредена акција ја зголемува побарувачката за акцијата со што цената започнува постепено да расте. Во моментот кога цената ќе го достигне планираното ниво, креаторите на пазарот се ослободуваат од акции кои се во нивна сопственост и на тој начин заработуваат високи профити. Продавањето на голем број на акции во краток период има негативно влијание врз нивото на цената и откако ќе се открие дека станува збор за можна „напумпај и продај“ шема, цената вртоглаво започнува да се намалува.

    Oвој метод на заработка може да се користи за да се напумпа цената на непозната компанија, меѓутоа, може да се користи и за пумпање на цената на постоечка компанија. Познат пример за примена на овој метод е прикажан во филмот „Волкот од Вол Стрит“, каде што брокерска куќа, вештачки ја зголеми цената на акции категоризирани како пени акции (penny stocks).

    Треба да се напомене дека со терминот креатори на пазар не секогаш се означува нешто нелегално, бидејќи во суштина, овој назив се користи и за брокерски куќи и институции кои работат согласно законските регулативи и купуваат и продаваат актива на  берзата и финансиски пазари, чии приходи произлегуваат од разликата помеѓу бараната и понудената цена објавена на системот за тргување на берзата.

    Автор: Вон.Проф. д-р Зоран Темелков

    Повеќе текстови од авторот, [ тука ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично