ПОВЕЌЕ

    ФРИЛЕНСЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА УПЛАЌААТ ПЕНЗИСКО – Лазар Јовевски во поткастот „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Универзитетскиот професор и советник на премиерот, Лазар Јовевски, во поткастот „Каде се парите?“, најавува голема промена за илјадници фриленсери кои во моментов работат без фирма и без никакво пензиско покритие.

    Тој открива дека државата подготвува нов закон кој ќе им овозможи самостојно да уплаќаат придонеси за пензиско осигурување, со минимална основица поврзана со минималната плата.

    Јовевски потенцира дека фриленсерите одамна бараат да им се овозможи да стекнат стаж и право на старосна пензија, бидејќи времето минува и многумина ризикуваат да останат без доволни години за пензионирање. Законот, како што вели, е во финална фаза.

    „Веќе е во постапка, веќе се работи и е веќе во финална фаза на изготвување на Закон за фриленсери. Закон кој што ќе треба да ги опфати лицата кои така наречено работат фриленсинг, не се осигурени, не се вработени, само плаќаат персонален данок, некои не плаќаат, отвораат сметки во други соседни држави, се создава еден галиматијас и правен и економски и фискален, кој што дури инклинира кон одредени кривични казнени дела. Тоа е препознаено, е видено и веќе во финална фаза е изготвување на овој Закон. Верувам дека до година тој Закон, се надевам во пролетните месеци, најдоцна до рана есен, ќе биде секако процес заокружено.“

    Следете не и притиснете „Subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично