Во видео порака, објавена непосредно пред заедничкото претставување на националните планови за закрепнување на Франција и Германија за тоа како ќе го потрошат својот дел од средствата на ЕУ, Фон дер Лајан рече дека ЕК ќе направи се што може за овие повеќегодишни програми да ги исполнат очекувањата.
„Ние сакаме да изградиме зелена Европа, која ќе ја штити нашата клима и нашето опкружување и која ќе овозможува создавање на одржливи работни места. „Ние сакаме да инвестираме во дигитална Европа, иновативна и конкурентна на глобалните пазари и сакаме еластична Европа, поподготвена да се соочи со идните кризи“, рече таа.
Таа потенцираше дека имаат средства од 750 милијарди евра за изградба на ваква Унија.
„Ова е можност на векот за Европа. Вистински историски момент“, рече Фон дер Лајен.
Италија во понеделникот го претстави својот план за закрепнување вреден повеќе милијарди евра за економијата, преку инвестиции и реформи, при што премиерот Марио Драги им порача на пратениците дека тоа е клучно за идниот просперитет на земјата по катастрофалните економски последици од коронавирусот.
Франција и Германија, кои започнаа иницијатива во мај 2020 година за формирање посебен фонд на ЕУ за обновување на пандемијата, заедно ќе ги презентираат своите планови.
Сите 27 земји-членки на ЕУ треба да ги презентираат своите планови до 30 април за тоа како ќе ги потрошат милијардите евра што ќе ги добијат од фондот, што се финансира со заедничко задолжување на меѓународниот пазар, до 2026 година, но многу веројатно е дека половина од земјите ќе испраќаат програми во мај.
Планот за закрепнување на ЕУ предвидува владите да потрошат 37 проценти од парите што ги добиваат на намалување на емисиите на СО2 во нивните економии и 20 проценти на дигитализација, на пример преку подобрување на компјутерската писменост или градење на брзи Интернет мрежи.
Комисијата има рок од два месеци од моментот кога ќе ги добие националните планови да провери дали ги исполнуваат бараните критериуми.
Министрите за финансии на ЕУ тогаш имаат уште еден месец да направат своја проценка, пред земјата што ја бара да ја добие првата исплата од Фондот.
Секоја земја на ЕУ може да добие аванс од 13 проценти од својот удел, откако шемата ќе биде одобрена. Сепак, за да бидат исплатени пари, 27-те национални парламенти на ЕУ прво мора да ратификуваат закон со кој се зголемува нивото на национални гаранции за буџетот на ЕУ, што е крајниот гарант за заедничко задолжување. Досега законот го ратификуваа 18 членки на ЕУ.