Секои парламентарни избори во Северна Македонија носат ветувања за повисок животен стандард. Вообичаено, политичките партии ги фокусираат своите ветувања во доменот на вработувањата, платите, пензиите, социјалната помош и даноците, како алатки за директно зголемување на доходот на граѓаните и домаќинствата, и оттука директно влијание врз животниот стандард.
Вообичано, ветувањата ги надминуваат реалните можности на економијата и државниот буџет, со цел да се привлечат што повеќе гласачи, но често и поради тоа што политичките партии немаат целосен и детален увид во бројките, доказите и реалните потенцијали на економијата.
Finance Think презеде акција за врамување на политичките ветувања во сферата на економијата во нивните разумни, возможни и потенцијални рамки, имајќи ги предвид досегашните економски движења, потенцијалот за раст и развој, ударот од кризата предизвикана од појавата и ширењето на коронавирусот Ковид-19 и соодветниот капацитет на државниот буџет. Оваа акција е поддржана од програмата Цивика Мобилитас.
За да ја погледнете публикацијата кликнете тука.