Верувајте во себе, инвестирајте во себе.
Да се биде претприемач е остварливо. Но, има една работа што треба да ја има во предвид младиот амбициозен претприемач, а тоа е дека претприемништвото има своја цена. Многу учење, работа, време, енергија и повремено пари. Претприемач кој сака да успее мора да биде целосно свесен дека треба цело време да се подобрува. Ако треба да одберам карактеристика на која сум горд и која што може да ви даде загарантиран успех, тоа е ИСТРАЈНОСТ!
Порано или подоцна, Вашите квалитети ќе бидат препознаени и ќе испливаат на површината. Им благодарам на моето семејство и на мојот ТИМ без кои денес не би бил тука.
Најдоброто од нас допрва доаѓа …вели Филип Ивановски, претприемач, на својот линкедин профил.
Пари: Неодамна добивте признание 30 најуспешни млади менаџери до 30 години, Business Elite’s “Under 30”. Што значи ова признание за Вас?
Ивановски: Чувството на внатрешно исполнување беше неверојатно, тоа значи дека има некој кој знае да ги препознае квалитетите и да го цени успехот. Она што најмногу ме радува е помислата дека ќе запознаам уште 29 супер успешни млади личности со кои можеме да размениме многу важни знаења и искуства. Thats priceless!
Пари: Можете ли накратко да ни кажете нешто повеќе за Вас, кој е Филип Ивановски?
Ивановски: Триесет и едногодишен правник, кој 7 години развива сопствен бизнис и работи и едуцира повеќе од 5.000 луѓе кои сакаат да си ги зголемат своите приходи. Сака многу да патува и ја обожува природата, спиењето во шатор, но и луксузните хотели.
Пари: Компанијата ТианДе веќе седма година испишува успешна приказна во нашата држава. Според Вас, на што се должи успехот на оваа компанија? Што Ве привлече кон овој бизнис, како започна приказната?
Ивановски: Ние сме компанија која дава можност речиси на секој кој сака за кусо време значително да ги зголеми своите приходи и тоа во време на криза, кога вработувањето е речиси невозможно, а платите драстично се намалени. Тоа е благодарение на МЛМ системот на кој функционира компанијата и силната поддршка на секој кој сака да влезе и да биде дел од нашиот тим. Токму ваквиот принцип на работа ги селектира оние кои имаат вистинска желба за промена и успех, а тие ја добиваат максималната поддршка, насоки и едукација за постигнување на успех. Ме привлече можноста да работам со нешто во кое можам да започнам прв, со производи кои допрва требаше да се појавуваат на нашиот пазар, но и производи кои имаат моментален ефект. Сите кои имаат бизнис знаат дека ова е добитна комбинација. Се започна со една (не)случајна средба на која бизнис состанокот траеше не повеќе од 10 минути. Бев свесен дека влегувам во нешто од кое немам познавање, но имав жар во себе и преголема желба да научам.
Пари: На што сте посебно горди, кој е Вашиот најголем успех?
Ивановски: Посебно сум горд што преку развојот на компанијата помогнавме на преку 5.000 луѓе да си ги зголемат своите приходи и што секој си го трансформира животот, а воедно и што на преку 65.000 корисници им помогнавме да си ги решат своите проблеми. Ние сме висококвалитетен бренд, кој е се повеќе препознаен и застапен кај нашите задоволни клиенти.
Пари: Како функционира тимот, кои се Вашите очекувања ?
Ивановски: Тимот се зголемува секојдневно. Се додека долевате „гориво“, можете далеку да стигнете. „Горивото“ во нашиот тим се едукацијата и ентузијазмот. Ентузијазмот за да го имаме не не чини ништо, но ако не го користиме ќе не чини се. Моите очекувања се да ги исполниме целите на сите наши колеги. Секојдневно работиме на достигнување на нашите бројки. А со вакви колеги околу мене, прашање на време е кога ќе бидеме број еден бренд во Македонија.
Пари: Колку е тешко да се задоволат потребите на толку многу корисници?
Ивановски: Ние како професионални консултанти лесно ги задоволуваме нивните потреби бидејќи им даваме ВИП услуга од консултација за потребниот производ, демонстрација, совети и начини за користење и брза и навремена достава. За потребите на корисниците отворивме и група во која имаме повеќе од 50.000 корисници кои споделуваат лични искуства, поставуваат прашања за совети и претходни искуства. Групата работи 24/7 и одговорот го добиваат за неколку минути.
Пари: Дали има некој производ на кој сте најмногу горди и кои производи на TианДе најмногу се купуваат? По што е препознатлив Вашиот бренд?
Ивановски: Покрај тоа што продаваме производи по илјадници години стари рецепти произведени исклучиво на база на билки и стари традиционални тибетски рецепти наменети за здравје и убавина, производот на кој најмногу сме горди и се продава најдобро е БИЗНИСОТ. Тоа е готов производ на веќе утврдени насоки и чекори кои направија огромни промени во животите на луѓето. Во нашиот бизнис добиваат можност луѓето кои обично немаат шанса во ова општество. Важно е дека имаме ,,производ,, кој може да го ,,користи,, секој без разлика на полот, возраста, образованието и социјалниот статус.
Пари: Како TианДе се справи со случувања околу пандемијата Covid 19 и успеа да ја зголеми својата продажба?
Ивановски: Ова е нешто кое го засегна целиот свет. Единствениот избор кој го имаме сите е дали само ќе ги прифатиме новите услови или ќе се прилагодиме на нив. Ние успеавме да се преструктуираме и работевме по 16ч на ден во првите 2 месеци. Кога гледавме како сите губат клиенти и им се намалува продажбата,ние успеавме целосно да се дигитализираме во делот на продажба дистрибуција и наплата и благодарејќи на тоа постигнавме раст од 117%.
Пари: Што мислите, кои се вашите предности?
Ивановски: Предноста ја темелам на три работи: прво,во време на здравствената криза побарувачката за овој вид на производи се зголеми повеќекратно; второ, воведовме можност да ги продаваме и онлајн и трето, се повеќе луѓе имаат потреба од дополнителни финансии и се посериозно се препознава можноста за водење на сопствен бизнис.
Пари: Може ли да споделите некои совети за тоа како да се стане успешен бизнисмен?
Ивановски: Најпрво треба да се посакува да се стане успешен бизнисмен. Никој случајно не успеал. Не плашете се. Влезете низ една поинаква врата на можности. Вие го можете тоа. Учете од успешни луѓе во сферата во која сакате да се развивате и применувајте го правилото 20/80 (20% теорија 80% пракса) и правете го се додека не успеете.
Пари: Каков совет би им дале на оние кои сакаат да започнат свој бизнис? Како се станува дел од успешниот тим на ТианДе?
Ивановски: Донесете прво одлука дека САКАТЕ, МОЖЕТЕ И ЗАСЛУЖУВАТЕ повеќе. А потоа обратете ни се нас во ТианДе и ние ќе Ве водиме низ процесот на Вашата животна промена која сум сигурен дека ја заслужувате на 100%.
Пари: Дали може да ни кажете како го балансирате вашиот приватен живот и вашата работа?
Ивановски: Интересно е што бизнисот ме научи дека човек треба да се труди да биде подеднакво успешен и на полето на бизнис, но и со семејството. Па така во процесот на развивање штом Ви се правилно поставени целите нема да имате недостатоци на двете полиња. Секако дека ќе има жртвувања но тие ќе бидат плански со краен рок.
Пари: Какви се идните планови и активности на Вашата компанија?
Ивановски: Нашите идни планови се темелат на усовршување на онлајн продажбите и создавање на онлајн едукативен систем за да го прошириме кругот на соработници за уште 15.000 луѓе. Еден од нив можете да бидете Вие. Крајна цел? Бренд број 1 во Македонија. А читателите можат да ни се придружат во градење на брендот или да гледаат како со некој од нивните познати го постигнуваме тоа.