ПОВЕЌЕ

    Фестивал „Еволуција на сонот“ од 11 до 13 септември во Парк Ѓорче Петров

    Време зa читање: 2 минути

    Од 11 до 13 септември 2025 година, во централниот општински парк на Ѓорче Петров ќе се одржи првото урбано издание на „Еволуција на сонот“. Фестивалот носи динамична и современа програма наменета за сите генерации, со акцент на урбана култура, меѓународна и локална уметничка сцена, племенита културна продукција со многу музика, перформанси и невообичаена форма на изразување.

    Фестивалот има корени од 2016 година, кога старата куќа на Рузвелтова 44а беше
    претворена во уметнички простор пред нејзиното рушење. Деветте соби на
    дебармаалската куќа беа насликани со мурали од реномирани уметници, придружени со концерти и перформанси, оставајќи магично искуство за посетителите. Подоцна, проектот продолжи во Кинотеката на Македонија со музичко-визуелни настапи и изложби. Ова е негово трето издание, но прво во форма на урбан фестивал што ќе продолжи да расте и да се надградува во наредните години.

    Програма на фестивалот

    • 11 септември – Отворање (20:00 часот)
    Фестивалот ќе започне во соработка со уметничкото движење Palomart од Неапол.
    Ќе настапат уметници и музичари од Португалија, Бразил и Италија со live
    аудио-визуелни перформанси, концерти, DJ сетови, уметнички инсталации и
    мурална уметност.

    • 12 септември – Урбана култура и млади
    Ден посветен на слободата на изразување преку музика, танц и визуелна уметност.
    Ќе има перкусионистичка работилница со бразилски уметник, live
    графити-перформанси и DJ сетови на Oky Doky, Double G, Аце КН и други.
    Атмосферата ќе биде збогатена со урбани активности и спортски натпревари.

    • 13 септември – ФузијаЗавршниот ден ќе донесе концерти на Џун и Пијан Славеј, кои ќе ни ја пренесат свежината на еден нов музичко-поетски формат што носи поразличен звук на македонската сцена. Платформа за култура и заедништво „Еволуција на сонот 2025“ претставува урбано, музичко и уметничко доживување кое ги обединува различните култури и генерации, создавајќи платформа за дијалог,
    инспирација и заедништво. Се надеваме дека фестивалот ќе ја добие поддршката на јавноста и ќе се вброи меѓу значајните културни настани во Скопје.

    Платформа за култура и заедништво

    „Еволуција на сонот 2025“ претставува урбано, музичко и уметничко доживување кое ги обединува различните култури и генерации, создавајќи платформа за дијалог,
    инспирација и заедништво. Се надеваме дека фестивалот ќе ја добие поддршката на јавноста и ќе се вброи меѓу значајните културни настани во Скопје.

    Комерцијален текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично