ПОВЕЌЕ

    „Фершпед“ ќе дели дивиденда – 720 денари за акција

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акционерите на скопски „Фершпед“ ќе делат дивиденда во вкупен износ од 11.738.160 денари или 190,6 илјади ева, кој произлегува од акумулираната добивка на компанијата. Износите ќе се пресметуваат по предвидените бруто 720 денари за акција.

    Според календарот, последниот ден за тргување со право на дивиденда е 17 јуни. А, листата на акционери кои ќе добијат пари на своите сметки ќе се утврди на 19 јуни.

    Некогашната најголема македонска шпедиција ја заврши 2023 со добивка од над 2,1 милион евра.

    АНАЛИЗА: Бизнисот со осигурување неживот растура во Македонија

    Инаку, и за 2022 година дивидендата била поделена од акумулираната добивка, тогаш по 550 за акција.

    М.А.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично