ПОВЕЌЕ

    Фази на „движење“ на вашите пари

    Време зa читање: 2 минути

    Парите се платежно средство коешто е општоприфатено и служи за размена на производите, за плаќање и за чување на вредноста.

    Практично парите имаат три основни функции:

    1. Како средство за размена (во прометот), парите се општоприфатено средство за плаќање на добра и услуги.
    2. Како платежно средство (сметководствена единица), преку парите луѓето ги одредуваат пазарните цени на добрата и услугите.
    3. Како чувар на вредноста (богатство), парите им даваат можност на луѓето да штедат и да ја одложат потрошувачката во иднина.

    Трите основни функции сведени на микро ниво, односно на нашиот сопствен буџет, значи соодветно распределување и употреба на парите. Најдоброто располагање со парите е претставено преку 5 фази на „движење“ на парите.

    Во кој било нов процес или активност, секогаш се започнува од основата, па така за создавање одреден капитал, најпрво се почнува од заработување на парите. Без одреден почетен капитал или заработка вие нема да можете да преминете кон втората фаза, штедење на парите. Колку и да е тешко за вас, штедењето пари е неминовно за создавање и одржување богатство.

    Штедењето значи и инвестирање, или обратнопропорционално инвестирањето значи и штедење. Од вашите заштедени пари вие почнувате да располагате со одреден капитал и да правите обрт на средства. Доколку паметно ги инвестирате парите, тие ќе почнат да се удвојуваат. Зголемете го вашето портфолио, дел од приливите од инвестираните средства вратете ги на претходните фази, одосно мал дел повторно заштедете, мал дел повторно инвестирајте, сé додека не дојдете до фазата на умножување. Во последната фаза вие значи дека имате богато портфолио, намален ризик од загуби на богатството и висок пасивен приход.

    Ве советуваме мудро да управувате со вашите пари и полека, но сигурно да се постигнувате фазите на „движење“ на вашите пари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично