Европската комисија предложи денес ефективна забрана за продажба на нови автомобили на бензин и дизел од 2035 година.
Забраната, предложена како дел од широк пакет закони за климата, ќе го забрза преминот кон набавка на електрични возила со нулта емисија, пренесува Ројтерс.
Комисијата изјави дека со ревидираниот закон, земјите-членки на Европската унија бараат да ги прошират капацитетите за полнење на електрични возила во согласност со продажбата на автомобили со нула емисии.
Исто така, од нив се бара да инсталираат полначи за електрични возила и станици за полнење во вообичаените интервали на главните автопати, пренесува Танјуг.