ПОВЕЌЕ

    Европејците не сакаат монети од еден и два центи: „Бараат заокружени износи“

    Време зa читање: 2 минути

    Европската комисија ги пофали резултатите од најновото истражување на Евробарометар, според кој јавната поддршка за еврото го достигна највисокото ниво досега. Дури 80 проценти од испитаниците, вкупно 17.700 од 19 земји-членки на еврозоната, според истражувањето спроведено кон крајот на март, сметаат дека еврото е добро за ЕУ, а 70 проценти сметаат дека е добро за нивната земја.

    Во исто време, сè поголем број граѓани ги поддржуваат правилата за заокружување и укинување на монетите од еден и два центи, за кои претходно беше спроведена посебна јавна консултација.

    Истражувањето на „Евробарометар“ покажува дека 67 проценти или две третини од јавноста се залага за укинување на монети од еден и два центи со задолжително заокружување на крајниот износ за купување при плаќање во готово. За тоа постои мнозинска поддршка во сите 19 земји.

    Според отворената јавна консултација за правилата на заокружување, 72 проценти од испитаниците сметаат дека монетите од еден и два центи не се корисни, а скоро ист процент сметаат дека треба да се наметнат правила за заокружување на следните пет центи.

    Истото важи и за прашањето дали правилата за заокружување треба да бидат задолжителни и усогласени во еврозоната.

    Денес еврото се користи како валута од околу 342 милиони граѓани на ЕУ, а во пет земји од еврозоната (Финска, Холандија, Ирска, Италија и Белгија) со околу 100 милиони жители, правилата за заокружување на крајниот износ за купување на готовински плаќања веќе се применуваат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично